СДСМ ја укина правната држава, а наместо правда граѓаните добија партиски суд кој работи под диктат на Зоран Заев и СДСМ. Еклатантен пример за партизацијата на правосудството е изборот на новите членови во Советот на обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вести
-
Македонија 07.03.2018 10:55
-
Економија 07.03.2018 10:51
Љајиќ во Скопје по решение за брашното
Српскиот министер за трговија Љајиќ во Скопје по решение за брашното. На средбата со неговиот домаќин, министерот за земјоделство Николовски, се бара решавање на проблемот со увозот на српско брашно во Македонија.
-
Македонија 07.03.2018 10:38
Гутереш ги поздрави реформите на Владата
Телефонски разговор меѓу премиерот Заев и генералниот секретар на Обединетите нации Гутереш. Првиот човек на светската организација ги поздравил реформите што ги прави Владата, а позитивно бил оценет и Договорот со бугарија, информираа од владината прес- служба.
-
Македонија 07.03.2018 10:35
Рочиште за случајот „Транспортер“ во Кривичен суд
Во Кривичниот суд рочиште за случајот „Транспортер“. Минатото беше одложено поради тоа што немаше одговор за поднесената жалба од Апелацискиот суд.
-
Македонија 07.03.2018 10:33
Блиндираниот „Мерцедес“ не се продава сѐ до завршувањето на судскиот процес „Тенк“
Популарниот „Мерцедес“ што го купи поранешната власт, засега останува сопственост на владата. Блиндираниот „Мерцедес“ не се продава сѐ до завршувањето на судскиот процес „Тенк“, бидејќи како што информираат од Владата, може да се појави потреба тој да биде доказен материјал.
-
Македонија 07.03.2018 10:29
Димитров на инаугурација на групата „Пријатели на Македонија“ во ЕП
Министерот за надворешни работи Никола Димитров во Европскиот парламент во Брисел ќе учествува на инаугурацијата на групата „Пријатели на Република Македонија“.
-
Свет 07.03.2018 10:23
Телефонски разговор Ердоган и Путин за Источна Гута
Лидерите на Русија и на Турција сметаат дека примирјето во Источна Гута во голема мера зависи од заедничките напори и соработката со Иран.
-
Економија 07.03.2018 10:20
Зголемен интерес за ново производство на тутун
Тутунарите се подготвуваат за новата реколта. Најдоцна до 31-ви март, пред да склучат договори за откуп, мораат да го пријават новото производство за оваа година.
-
Македонија 06.03.2018 16:23
Без епилог собраниската седница за Законот за јазици
Сѐ уште без епилог собраниската седница на чиј дневен ред е третото читање на Законот за употреба на јазиците. Продолжението на пленарката двапати одложувана.
-
Економија 06.03.2018 16:08
Владата ги прифати барањата на вработените во „Еурокомпозит“
Владата ги прифати барањата на вработените од прилепски „Еурокомпозит“ и до петок ќе им биде исплатена една просечна плата на ниво на земјата, а од понеделник работниците ќе се вратат на работните места.










