Речиси тројно повисоко е нивото на реката Треска кај Македонски Брод во споредба со просекот за февруари, а Вардар и Сатеска се двојно зголемени, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Вести
-
Македонија 05.03.2018 10:50
-
Економија 05.03.2018 10:48
Продолжуваат разговорите меѓу Николовски и Љајиќ
Телефонски разговор меѓу македонскиот министер за земјоделство, Николовски и српскиот министер за трговија Љајиќ за проблемот со брашното. Од ресорот земјоделство најавија детали откако Николовски во текот на денов уште еднаш ќе се слушне со Љајиќ.
-
Македонија 05.03.2018 10:43
Одложено рочиштето за случајот „Шпион“
Повторно одложено рочиштето за случајот „Шпион“ поради оправдано отсуство на Туше Гошев, еден од адвокатите на обвинетите.
-
Култура 05.03.2018 10:33
Изложба на фотографии: „Москва денес“ во Прилеп
Спој на современото и традиционалното, пулсот на животот во една од светските метрополи, доловува изложбата на фотографии насловена „Москав денес“ отворена во прилепскиот Дом на културата „Марко Цепенков“.
-
Свет 05.03.2018 10:23
Избори во Италија: Популистите во водство, никој нема мнозинство
Според прелиминарните резултати, движењето „Пет ѕвезди“ на Луиџи ди Мајо води на парламентарните избори во Италија, со освоени 33,1 % во Сенатот и 34,1 процент за Домот на пратеници. И покрај најголемата поддршка, партијата нема доволно гласови за формирање влада.
-
Македонија 05.03.2018 10:17
Штети кај пролетната зелка
Неизвесна е бербата на 40.000 тони на скоро 1.000 хектари со пролетната зелка во струмичко, поради можните штети од температурните разлики од минатата недела кои се движеа од минус 10, па до плус 16 степени.
-
Македонија 05.03.2018 09:36
Неделава секој ден рочишта за предметите на СЈО
Од денеска до петок, секој ден закажани судски рочишта за предмети на Специјалното јавно обвинителство. Неделата почнува со судењата за предметите „Шпион“ и со издвоената постапка за „Насилството пред Општина Центар“ за седмообвинетиот Димче Крстев, кој се изјасни за невин.
-
Македонија 04.03.2018 22:05
Средба Заев- Мицкоски: Името, Законот за јазиците, ДИК и враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во фокус на разговорите
Преговорите за името со Грција, Законот за јазиците и враќањето на опозицијата во Собранието, биле главните теми за кои вечерва во Владата повеќе од два часа разговараа премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-
Економија 02.03.2018 16:06
Нема согласност, министерската средба за брашното одложена
Српскиот министер за трговија не дојде во Скопје. Со став дека нема заедничка спогодба, од Белград предупреди- ако не се постигне согласност ќе воведе контрамерки на штета на сопствениците. Сега, решението ќе го чека викендот.
-
Македонија 02.03.2018 15:45
Првиот антикорупционер не поднесува оставка
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, Игор Тантуровски изјави дека не чувствува одговорност за ревизорските извештаи, бидејќи не бил посочен во нив и од тие причини нема намера да поднесе оставка на функцијата.









