Во Мјанмар се откриени пет досега непознати масовни гробници во кои биле закопани стотици масакрирани муслимани Рохинџи.
Вести
-
Свет 01.02.2018 13:08
-
Македонија 01.02.2018 13:01
Генимата: Не постојат политички предуслови за консензус околу името
Каква спогодба подготвува Владата, кога не постојат политички предуслови за консензус околу името, запраша претседателката на ПАСОК и лидер на Движење за промена, Фофи Генимата, во писмената изјава до медиумите.
-
Свет 01.02.2018 12:45
Објавена листа на осомничени терористи во Италија
Интерпол објави имиња на 50 лица за кои постои сомнеж дека се борци на исламска држава, а кои неодамна пристигнале во италија.
Сите осомничени што се на листата се по потеколо од Тунис, некои од нив и се идентификувале кога пристигнале во Италија.
-
Македонија 01.02.2018 12:41
Грип: Над илјада новозаболени лица за една недела
За една недела 1.085 новозаболени лица од грип. Најголем број, 699 пријавени, се на возраст од 15 до 64 години и се од подрачјето на Гостивар, информираат од Институтот за јавно здравје.
-
Македонија 01.02.2018 12:35
Нимиц на разговори со Димитров, по средбите со Иванов и Заев
Медијаторот Нимиц, по средбите со претседателот Ѓорге Иванов во вилата „Водно“ и со премиерот Зоран Заев во Владата, попладнево пристигна во МНР на разговори со шефот на дипломатијата Никола Димитров. Предвидено е, Нимиц и Димитров по средбата да дадат изјави за медиумите.
-
Свет 01.02.2018 12:16
„Хабертурк“: За еден месец војската ќе стигне до Африн
Весникот „Хабертурк“ пишува дека до крајот на овој или почетокот на следниот месец турските сили во рамки на операцијата „Маслиново гранче“ ќе стигнат до сирискиот град Африн.
-
Свет 01.02.2018 12:03
ОН: Во воените зони 500 милиони луѓе страдаат од глад
Во воените зони во светот речиси 500 милиони луѓе страдаат од глад, предупредија Обединети нации и апелираа за постигнување на мир со цел да се заштитат луѓето.
-
Македонија 01.02.2018 11:41
Од 20 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз во Скопје
Град Скопје соопшти дека од вечер во 20 часот се укинува бесплатниот градски превоз во Скопје, а веднаш се укинуваат вонредните мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот, по добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните конце
-
Култура 01.02.2018 11:13
Месец на бугарски филм во Кинотека на Македонија
Со проекција на филмските остварувања „Пијте само шуменско пиво“ и „Лузери“, вечерва во Кинотека на Македонија почнува месецот на бугарскиот филм.
Ќе бидат прикажани вкупно осум бугарски филмови од современата филмска продукција, два документарци и шест играни остварувања.
-
Свет 01.02.2018 11:11
Се очекува Путин да освои околу 70 насто од гласовите
Околу 71 насто од Русите изјавиле дека цврсто се решени да гласаат на претстојните претседателски избори и околу 70 проценти од нив ќе го поддржат актуелниот претседател Владимир Путин.










