Со европски пари годинава ќе се градат велосипедски и пешачки патеки и паркинзи за велосипеди пред секоја институција. Ќе бидат вложени 250 илјади евра. Целта е да се користи алтернативен транспорт за да се намали сообраќајниот метеж во градот.
Вести
-
Македонија 30.01.2018 15:46
-
Македонија 30.01.2018 15:39
Повторно во сила мерките против аерозагадувањето
Бремените жени, постарите од 60 години, хронично болните со астма, срцев или мозочен удар да се ослободат од работа- препорачува Владата. Повторно стапија во сила итните мерки, откако во два последователни дена е измерена висока загаденост на воздухот.
-
Македонија 30.01.2018 15:26
Одложен стартот на судењето за случајот „Тенк“
Се одложи стартот на судењето за случајот „Тенк“. Адвокатот на обвинетиот Ѓоко Поповски, кој од вчера бил ангажиран за негов застапник, побара повеќе време за да концепира одбрана. Ново рочиште е закажано за 12-ти февруари.
-
Свет 30.01.2018 15:16
Мировна конференција за Сирија во Сочи, се одлучува за иднината на опустошената земја
Во руското одморалиште Сочи почна мировната конференција за иднината на Сирија организирана од Русија, Иран и Турција. Конференцијата ќе трае два дена, а главната расправа е закажана за утре.
-
Македонија 30.01.2018 15:02
Нимиц: Го слушнав мислењето на Грција
Го слушнав мислењето на грчката страна за идеите што ги презентирав како решение за името, изјави посредникот Метју Нимиц по средбите со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и преговарачот Адамантиос Василакис во Атина.
-
Култура 30.01.2018 14:56
Пет години музејска едукација во Музејот на македонската борба
Едукативни работилници, квизови, игра, трибини, творење. Учењето не мора да биде само во училниците, може да биде и преку забава. Тематски едукативни работилници кои подоцна се пропратени со креативни работилници.
-
Економија 30.01.2018 14:51
Македонија меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност
Македонија меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност, граѓаните речиси и да немаат увид во тоа како се трошат јавните пари- покажува спроведеното истражување во 115 земји.
-
Македонија 30.01.2018 14:28
Не се знае кога повторно ќе се разгледува Законот за јазици
Спикерот Талат Џафери не знае кога повторно ќе се разгледува Законот за јазици. На брифинг со новинарите кажа дека досега се преведени половина од амандманите поднесени од ВМРО- ДПМНЕ.
-
Свет 30.01.2018 13:51
САД: Повторно влез за бегалци од 11 земји
САД ќе продолжат да примаат бегалци од 11 земји, претежно од Блискиот Исток и Африка кои беа окарактеризирани како високо ризични.
-
Македонија 30.01.2018 13:47
ВМРО-ДПМНЕ: Притворот се користи како средство за изживување
Притворот наместо како мерка за претпазливост се користи како средство за изживување, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, притворените не сториле терористички акт и апсурдно е да се држат во истражен затвор поради опасноста да го повторат.










