Македонија е единствената држава во Европа во која што народни избраници од опозицијата се притвораат без причина, а уметници, оперски пејачи, режисери, актери и полициски професионалци лажно се обвинуваат за тероризам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вести
-
Македонија 07.12.2017 11:22
-
Свет 07.12.2017 11:04
Северна Кореја: Не сакаме војна, но нема да бегаме од неа
Големите заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја и заканите за американскиот превентивен напад, ја прават војната на Корејскиот Полуостров факт, соопшти министерството за надворешни работи на Северна Кореја.
-
Македонија 07.12.2017 11:02
Џафери во Вашингтон на средби со когресмените Питинџер, Адерхолд и Трот
Претседателот на Собранието, Талат Џафери во рамки на работната посета на САД имаше одвоени средби со конгресмените Роберт Питинџер, Роберт Адерхолд и Дејв Трот, соопштија од неговиот Кабинет.
-
Македонија 07.12.2017 10:41
Презентација на извештајот од проверката на АКМИС системот
Во Министерството за правда ќе бидат презентирани наодите од увидот во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од судскиот деловник во судовите. Работна група досега изврши проверки на АКМИС системите во Врховниот, Апелацискиот суд и во Кривичниот суд.
-
Македонија 07.12.2017 10:34
Министерот Димитров на состанок на ОБСЕ
Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на 24-от министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, што ќе се одржи денеска и утре во Виена.
-
Македонија 07.12.2017 10:31
Претседателот Иванов учествува на форумот „Мир и Спорт“ во Монако
Претседателот Ѓорге Иванов во Монако ќе учествува на 10-от меѓународен форум „Мир и Спорт“, што се одржува под покровителство на Принцот Алберт Втори.
-
Македонија 07.12.2017 10:29
Продолжение на судењето за случајот „Тотал“
Продолжува судењето и за предметот „Тотал“, во кој за даночно затајување е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас. На претходното рочиште судијката констатира дека не се испочитувани законските услови за одржување расправа, бидејќи не се определени законски застапници за фирмите.
-
Македонија 07.12.2017 10:27
Ново рочиште за случајот „Насилство во Центар“
Во Кривичниот суд ново продолжение на судењето за случајот „Насилство во Центар“. Покрај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, обвинети се и поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески, пратеничката Рангелова и уште 11 други лица.
-
Свет 07.12.2017 10:24
Ердоган во историска посета на Грција
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе допатува во дводневна историска посета на Грција. Целта е да се забрза подобрувањето на односите меѓу двете земји, кои се оптоварени со повеќе спорови.
-
Македонија 07.12.2017 10:21
Жалби на одбраната за 30- дневниот притвор на Мукоски, Арнаудов и на Василевски
Во законскиот рок, адвокатите на пратрниците Мукоски, Арнаудов и на Василевски, поднесоа жалба на одлуката на Судот да им биде одреден 30-дневен притвор.









