СЈО директно се вмеша во претстојните локални избори и работи како продолжена рака на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата сметаат дека на 5-те судии неправедно им бил симнат имунитетот само поради судиско убедување.
Вести
-
Македонија 24.08.2017 13:10
-
Македонија 24.08.2017 13:05
Дел од персоналот на Српската амбасада се врати во Скопје
Дел од персоналот на Српската амбасада е веќе вратен во Скопје. Според српски медиуми, останатиот дел ќе пристигне до крајот на денот. Според информациите од српското МНР, амбасадорката Душанка Дивјак Томиќ во Македонија доаѓа на 31-ви август.
-
Свет 24.08.2017 12:56
Една година од стравотниот земјотрес во Италија
Централна Италија се сеќава. Жителите на Аматриче, Акумоли и Аркуата дел Тронто ја одбележуваат првата годишнина од стравотниот земјотрес со магнитута од 6,2 степена по Рихтер. Во четирите региони Абруцо, Лацио, Умбрија и Марке загинаа вкупно 299 луѓе.
-
Македонија 24.08.2017 12:52
Таравари на средба со директорката на Клиниката за гинекологија
Министерот за здравство Таравари на средба со директорката на Клиниката за гинекологија и акуштерство, за случајот со трите починати новороденчиња. Пациентката која била во прва бременост, била третирана со инсулин и имала подврзување на грлото на матката.
-
Свет 24.08.2017 12:43
Полска ќе одвои 55 милијарди долари за модернизирање на војската
За наредните 15 години, Полска ќе одвои дополнителни 55 милијарди долари за модернизирање на војската. Од Министерството за одбрана велат дека одлуката е донесена поради зголемената активност на Русија којашто наредниот месец ќе почне воени вежби во Белорусија и во западниот дел.
-
Економија 24.08.2017 12:41
Тече рокот за доставување барања за поддршка на млади земјоделци
Уште пет дена за доставување барања за поддршка на млади земјоделци. На повикот може да се јават земјоделци до 40 годишна возраст, а аплицирањето е исклучиво електронски.
-
Македонија 24.08.2017 12:25
Назначувањето в.д. Јавен обвинител одложено за 29-ти август
Советот на јавни обвинители и денеска не избра вршител на должноста Јавен обвинител поради немање кворум.
-
Свет 24.08.2017 11:51
АИ: Цивилите во Рака се наоѓаат во „смртоносен лавиринт“
„Амнести интернешенел“ тврди дека цивилите во сирискиот град Рака се заглавени во смртоносен лавиринт и се користат како жив штит во борбите за протерување на џихадистите.
-
Македонија 24.08.2017 11:44
Мигрантите се најдобредојдени на Исланд, а најмалку во Македонија
Мигрантите се најмногу добредојдени на Исланд и во Нов Зеланд, а најмалку во Црна Гора, Унгарија и Србија и во Македонија, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од „Галуп“, која ја пренесува британскиот весник „Индепендент“.
-
Свет 24.08.2017 11:23
Бела куќа: Заканите на Трамп се сериозни
Белата куќа потврди дека се сериозни намерите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја жртвува федералната Влада поради изградбата на ѕидот на границата со Мексико.










