Со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата, почна 56-тото издание на Струшките вечери на поезијата. На првото поетско читање на константиновата „Т'га за југ“ дел од учесниците заедно со годинашниот лауреат, американскиот поет Чарлс Симиќ.
Вести
-
Култура 23.08.2017 16:05
-
Економија 23.08.2017 15:48
Слаба искористеност на средствата од ИПА програмата во земјоделството
Малиот број аликации односно немањето доволно средства за кофинансирање и неекспедитивната евалуација на надлежните инситуции се главни причини за слабата искористеност на средствата од ИПА програмата во земјоделството.
-
Македонија 23.08.2017 15:41
Подобра соработка со дијаспората
Работна група составена од членови кои ќе бидат номинирани од Министерствата за надворешни и внатрешни работи, здравство, образование, како и од Агенцијата за иселеништво ќе ја подготвуваат Националната стратегија за дијаспората за период од пет години.
-
Македонија 23.08.2017 15:32
Метео: Дневните температури ќе продолжат да растат
Во текот на утрешниот ден во Македонија се очекува сончево и претежно ведро време со слаб до умерен ветер од северен правец.
Во наредните денови дневните температури ќе продолжат да се зголемуваат.
-
Економија 23.08.2017 15:21
Централен регистар ланската добивка наместо во Буџетот ја уплатил на „Бетон“
Централниот регистар ланската добивка наместо во буџетот ја уплатил на сметката на градежната компанија „Бетон“- соопшти Владата. Се работи за износ од 22 милиона денари.
-
Свет 23.08.2017 15:17
Мадуро бара помош од Ватикан
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро бара помош од Ватикан поради воените закани од САД.
-
Македонија 23.08.2017 15:08
Заев- Вучиќ: Дијалог за сите евентуални недоразбирања
Сите евентуални недоразбирања во меѓусебните односи ќе се решаваат исклучиво по пат на дијалог. Ова го договориле премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ во, како што се вели во соопштението, долг и отворен телефонски разговор.
-
Македонија 23.08.2017 14:44
Кривична пријава против 75- годишна жена за пожар во атарот на селото Волче
Полицијата против 75-годишна жена од скопје, поднесе кривична пријава за пожарот во атарот на селото Волче, општина Македонски Брод.
-
Македонија 23.08.2017 14:40
На Клиниката за гинекологија почина тројка новороденчиња
На клиниката за гинекологија и акушерство почина тројка новороденчиња. Пациентката била хоспитализирана завчера со болки во абдоменот. Истиот ден била породена со царски рез со претходно прснат воденик и испадната папочна врвца, информираат од Клиниката.
-
Македонија 23.08.2017 14:38
Тантуровски: Сме давале мислења и досега
Антикорупциска отвори предмет за поднесен приговор од Љупчо Георгиевски против Агенцијата за просторно планирање. Се однесува на разрешувањето од директорската функција на денот на распишувањето на изборите, 6-ти август.










