Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и музеј – Струмица, денеска реализираше работна посета на општините Дојран и Гевгелија со цел увид во тековни и планирани проекти од областа на културата и културното наследство.
-
Култура 12.09.2025 19:13
-
Култура 12.09.2025 09:35
„Визуелни елоквенции“ – нова поетска книга на Лили Бошевска во издание на „Матица македонска“
Книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави новата поетска книга на Лили Бошевска, „Визуелни елоквенции“. Станува збор за оригинален книжевно-ликовен проект – секоја од песните во книгата е во дијалог со дело од ликовната уметност, од истакнати ликовни уметници од Македонија и од светот.
-
Култура 12.09.2025 09:30
Министерот Љутков во работна посета на Дојран и Гевгелија
Министерот за култура Зоран Љутков денеска е во работната посета на Дојран и Гевгелија. Во рамки на посетата, министерот ќе оствари средби и ќе посети повеќе значајни културно-историски споменици и локалитети во регионот на Дојран и Гевгелија.
-
Култура 11.09.2025 19:44
„Плејбои...“ пристигнуваат во Драмски театар Скопје на 23 октомври
Претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ се игра во Скопје на 23 октомври во 20 часот.
-
Култура 11.09.2025 15:40
„Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски – победник на првиот конкурс за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“
Ракописот „Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски е победник на првиот конкурс за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“. На изборот за наградата, која ја востанови издавачката куќа „Арс Ламина“ со поддршка на семејството на Николова, пристигнаа 38 ракописи од 37 автори.
-
Култура 11.09.2025 13:27
Привремена заштита на „Македониумот“
Министерството за култура одвои 2,5 милиони денари, а прилепскиот Завод и музеј веднаш ќе почне со привремена заштита на познатиот „Македониум“ во Крушево. Денеска на увид беа министерот и стручњаците од прилепскиот музеј.
Од Прилеп известува Елизабета Митреска.
-
Култура 11.09.2025 11:42
Со претставата „Жива досада“, МНТ гостува на Театарскиот фестивал за деца во Штип
На 13-от Театарски фестивал за деца „Малиот принц“ во Штип, Македонскиот народен театар вечерва ќе гостува со претставата „Жива досада“.
-
Култура 11.09.2025 09:56
Министерот за култура ќе го посети Македониумот во Крушево
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе го посети споменикот Македониум во Крушево за кој Владата одвои 2,5 милиони денари за интервентна заштита, откако во дел од медиумите беше објавено дека споменикот пропаѓа.
-
Култура 10.09.2025 20:25
Камерниот оркестар Профундис ја освои Босна и Херцеговина со уникатната Candlelight турнеја
Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ со голем успех ја реализира својата прва Candlelight турнеја во Босна и Херцеговина, настапувајќи во три преполни концертни сали во Сараево, Тузла и Мостар.
-
Култура 10.09.2025 09:55
Изложба во МСУ по повод 30 години соработка помеѓу САД и Северна Македонија
„Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“ е насловена изложбата која вечер од 19 часот ќе биде отворена во Музејот на современа уметност – Скопје (МСУ), по повод 30 години соработка помеѓу Соединетите Американски Држави и нашата земја.










