Министерот Љутков во посета на оштетената куќа на Владо Малевски која е прогласена за значајно културно наследство.
Соња Рилковска известува.
Министерот Љутков во посета на оштетената куќа на Владо Малевски која е прогласена за значајно културно наследство.
Соња Рилковска известува.
Во Даут пашин амам вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на Васил Василев насловена „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“.
Со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар ќе настапи на претстојните 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина.
Навршија 18 години од загинувањето на македонската и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка. Маратонците, како симбол на животната енергија и филозофија на Тоше, стигнаа во Крушево.
Известува Елизабета Митреска.
Откако при изведување градежни работи, вчера беше срушена старата струшка куќа, инспекциите го затворија градилиштето. При уривање на соседен објект, инвеститорот направил оштетување на темелот при што се урна источен калкански ѕид и кровот на Спомен куќата на Владо Малески во срцето на Струга.
Под слоганот „Сцена за сечиј сон“, вчера во Театарот за деца и младинци – Скопје свечено беше отворено 4. издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, кој ќе се одржува од 15-ти до 18-ти октомври во Скопје.
Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој трагично го загуби животот на 26-годишна возраст на 16 октомври 2007 година, во страшна сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Хрватска. Веста за неговата смрт го потресе целиот Балкан.
Во Музејот на современата уметност – Скопје вечерва во 18 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Ибрахим Махама. Делото на Махама, кое ја обвиткува фасадата на Музејот на современата уметност, претставува прва негова самостојна изложба во земјава.
Во организација на Министерството за култура и туризам денеска во 10 часот во „Порта Македонија“ и утре во „Европската куќа“ ќе се одржи дводневниот транснационален настан посветен на унапредувањето на културното наследство преку европска соработка: Мрежи, мобилност и можности за финансирање од Е
Францускиот институт во Скопје ја најавува дигиталната изложба „Фауна“, која ќе биде поставена во центарот на Битола, на Широк Сокак, од 14 октомври 2025 година и ќе трае еден месец.