Македонската филмска критичарка и новинарка Марина Костова е избрана за потпретседателка на Меѓународната федерација на филмски критичари (ФИПРЕСЦИ).
-
Култура 22.09.2025 12:46
-
Култура 21.09.2025 15:40
Под мотото „Сон на платно“ отворено 46. издание на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“
Со македонскиот филм „мајка“ на Теона стругар Митевска свечено беше отворено 46. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „браќа Манаки“. На свеченоста традиционално беа доделени награди и признанија.
-
Култура 20.09.2025 17:48
Охрид сѐ попривлечен за странските археолози
По случувањата на Блискиот Исток, каде што никој не им гарантира безбедност на археолозите, Охрид е сè повеќе на радарот на универзитетите по археологија од западноевропските земји.
-
Култура 20.09.2025 15:08
Мегалитската опсерваторија Кокино, сè уште чека уредување
Локалитетот признат од НАСА сè уште чека уредување. Мегалитската опсерваторија Кокино, случајно откриена во 2001-ва година, се повеќе е атрактивна туристичка локација за посетители од земјава и од странство. Годишно ја посетуваат до 10.000 лица.
-
Култура 19.09.2025 20:15
Стоечки овации за МНТ и „Ничија земја“ на фестивалот во Ќустендил
Македонскиот народен театар синоќа ја отвори првата вечер на новиот европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници“ во Ќустендил, Бугарија.
-
Култура 19.09.2025 17:05
Утре почнува 46. ИФФК „Браќа Манаки“
Битола преполна со домашни и со странски гости. Бројни филмски работници, светски познати кинематографери, годинешни лауреати и добитници на наградата „Златна камера 300“ ќе бидат дел од 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Доксевски, директор на фестивалот најави квалитетна и богата програма.
-
Култура 19.09.2025 15:00
Изложба на ДЛУМ - „Цртеж, експериментален цртеж“ во КИЦ - Софија
Групната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) - „Цртеж, експериментален цртеж“ вечер ќе биде отворена во Културно - информативниот центар во Софија.
-
Култура 19.09.2025 13:39
Утре отворање на фестивалот „Браќа Манаки“
Утре почнува 46. Издание на фестивалот „Браќа Манаки“. Организаторите најавуваат уште едно возбудливо и квалитетно филмско фестивалско издание. Веќе се пристигнати многубројни странски гости.
Ружица Ѓоршевска известува од Битола.
-
Култура 19.09.2025 10:49
Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ денеска во Скопје
Во Градскиот парк во Скопје пред „Школка“ вечерва во 19 часот ќе почне Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“. Манифестацијата ја организира Детскиот културен центар „Карпош“. Дефилето на учесниците ќе тргне во 18.30 часот од Центарот.
-
Култура 18.09.2025 15:59
„Денови на комедија“ по 28-ми пат во Куманово
Вкупно 11 театри од земјава, Србија и Бугарија ќе настапат на 28-то издание на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово. Фестивалот на 24-ти, ќе го отвори култната „Госпоѓа министерка“ на велешкиот театар, а традиционално ќе го затвори кумановскиот.








