Денеска во Домот на Армијата во Скопје, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со семејствата на загинатите бранители и со претставници од Здружението на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на Македонија „Херои на Македонија 2001-2015“.
-
Македонија 15.01.2025 15:02
-
Македонија 15.01.2025 14:16
На Клиника за ортопедија извршена втора успешна трансплантација со коска од починат донор
Уште една успешна трансплантација со коска од починат донор, втора во изминатово деноноќие.
Трансплантацијата е извршена на 19 годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа.
-
Македонија 15.01.2025 13:22
Муцунски: Време е да продолжиме по европскиот пат
Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски на средба со амбасадорите од земјите-членки на ЕУ. Главна тема на разговорите, проширувањето и нашата интеграција во Унијата. Муцунски вети реформи, но, побара процесот да остане кредибилен и да нема условување.
-
Македонија 15.01.2025 13:18
Втор ден протести на дел од администрацијата
Дел од администрацијата и денеска на получасовен протест. Синдикатот на УПОЗ не се откажува од барањето за зголемување на платите за 30 проценти. Власта повика на дијалог, но се сомнева дека ваквиот чекор на синдикалците има политичка позадина. -
Македонија 15.01.2025 12:24
Жената која беше извлечена од Вардар пред неколку дена е исчезнатата Лидија
Телото кое пред неколку дена беше пронајдено во Вардар, кај Зелениково, е идентификувано.
По ДНК анализата, утврдено е дека станува збор за исчезнатата 43-годишната Лидија Трајковска од скопското село Јурумлери, која од 8-ми ноември минатата година се водеше за исчезната.
-
Македонија 15.01.2025 12:20
Реакции по инспекциски надзор во ИЈЗ
ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ денеска се судрија за Институтот за јавно здравје. Интегративците ја обвинија директорката Андоновска дека, наводно, спроведувала дискриминаторска политика против Албанците во оваа институција, каде бил инициран вонреден инспекциски надзор.
-
Македонија 15.01.2025 12:05
Охрид се подготвува за Богојавление Водици, пријавени стотици капачи
Се е подготвено за најголемата црковно-народна манифестација Богојавление Водици во Охрид. Пријавени се стотици капачи, покрај охриѓани има и верници од други градови.
-
Македонија 15.01.2025 11:51
Цветановски со реакција по наводите на државниот обвинител Коцевски
Треба ли да се влечеме по судови за предмети кои воопшто не се кривични дела?
-
Македонија 15.01.2025 11:13
По четврти пат одложено повторното судењето за тетовската модуларна болница
По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако такво решение донесе Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. -
Македонија 15.01.2025 11:07
Прекин во работењето на системот Е-даноци од 16:30 часот
Управата за јавни приходи ја известува јавноста и даночните обврзници дека, поради извршување на неопходни интервенции на системот е-Даноци, денес 15.01.2025 година (среда), од 16:30 часот, истиот ќе биде недостапен.










