Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 16.01.2025 08:36
-
Македонија 16.01.2025 08:15
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, но не се задржува на коловозот, информира АМСМ.
-
Македонија 16.01.2025 08:09
Собранието ќе ја одржи 30. седница
Собранието денеска ќе ја одржи 30-та седница на која на дневен ред се вкупно 26 точки меѓу кои и Дополнетиот предлог на закон за изменување на Законот за употребата на македонскиот јазик, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра и Предлог-измени
-
Македонија 16.01.2025 08:03
Наутро студено со појава на магла, преку ден облачно и тивко
Наутро студено со појава на слаба магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко.
-
Македонија 15.01.2025 19:45
Вицепремиерот Николоски на средби со владини претставници во Будимпешта
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Будимпешта каде денеска оствари средба со Балаш Орбан, политички директор на шефот на Владата на Унгарија како и со министерот за национална економија, Мартон Наѓ.
-
Македонија 15.01.2025 18:28
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, пиштол
Синоќа во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
-
Македонија 15.01.2025 18:00
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен.
-
Македонија 15.01.2025 17:33
Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Јавното обвинителство
Со Договорот се воспоставува меѓуинституционална размена на податоците во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, при што се уредува формата на поединечните барања врз основа на кои ќе се врши електронската размена и описите на регистрираните сервиси кои можат да бида
-
Македонија 15.01.2025 16:37
УПОЗ не се откажува од протестите
30-минутната пауза – вработените од шест министерства и две државни институции повторно на протест. Од Синдикатот на УПОЗ се пожалија на притисоци, но не откриваат во кои ресори.
-
Македонија 15.01.2025 16:17
Работен појадок на министерот Муцунски со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија
Ни се случува постојана билатерализација на пристапниот процес и условување со прашања, спротивни на европските вредности, истакна шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во своето обраќање пред амбасадорите на земјите-членки на Европската унија.










