Загадениот воздух руши рекорди. Голем дел од градовите во Македонија имаат зголемен број ПМ-10 честички.
Елена Георгиевска известува за аерозагадувањето во Куманово.
Загадениот воздух руши рекорди. Голем дел од градовите во Македонија имаат зголемен број ПМ-10 честички.
Елена Георгиевска известува за аерозагадувањето во Куманово.
Вонреден инспекциски надзор на здравствените инспектори во Детската клиника ги проверуваа протоколите на лекување на починатото седуммесечно бебе. Дали тоа било навреме хоспитализирано и соодветно лекувано?
Жестоки реакции во јавноста кој е виновен за пропустот Груби да биде приведен пред да премине граница. Дали е случајна или намерна грешка. Првата одговорност е констатирана, суспензија за двајца полициски службеници, кои го пуштиле надвор од земјава без да направат проверка.
Се зголемува интересот за дуалното образование, и од учениците кои посетуваат настава каде тоа се применува но и од компаниите, каде учениците практикуваат пракса. Со него се создаваат стручни кадри, кои не чекаат работа во Агенцијата за вработување, туку за кратко време се вработуваат.
Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности, вели премиерот Мицкоски во интервју за МТВ. Во двата договора стои дека земјите-членки треба безусловно да нè поддржуваат.
Вероника Бучковска е именувана за в.д. директорка на Агенцијата за филм, одлучи Владата на седницата одржана на 17.12.2024 г. и доаѓа на местото на Даниела Станковска Плачковска, која неодамна поднесе оставка од функцијата.
Заменик- министерката за европски прашања, Викторија Трајков, присуствуваше на работилницата „Презентација на нацрт-упатствата со методологијата за вклучување на антикорупцијата во поглавја/кластери“, која се одржа денеска во Владата.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој од вчера престојува во посета на Брисел, денеска ќе учествува на Самитот на Европската народна партија на кој главни теми ќе бидат подготовките за денешниот Европскиот совет и проширувањето на ЕУ.
Иднината на Западниот Балкан е во Европската унија-ваква порака испратија челниците од Самитот во Брисел. Децидни се-проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот.
Управата за финансиска полиција, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.С.