Заменик министерот Димитровски учествуваше на главниот панел на Симпозиумот насловен „Западен Балкан – регион кој ја покажува приспособливоста на НАТО партнерството и успехот во интеграцијата“.
-
Македонија 24.10.2024 08:58
-
Македонија 24.10.2024 08:24
Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија
Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија денеска, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна.
-
Македонија 24.10.2024 08:18
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 24.10.2024 08:11
Завршна конференција за стручно и образование на возрасни
Завршна конференција ќе се одржи денеска од проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“, финансиран од Европската Унија.
-
Македонија 24.10.2024 08:10
Посебен режим на сообраќајот во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централн
-
Македонија 24.10.2024 08:07
Судски совет ќе ја одржи 503-та седница
Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска со почеток во 10 часот ќе ја одржи 503-та седница.
-
Македонија 24.10.2024 08:07
Наутро студено, преку денот сончево
Утрото студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината магливо. Преку денот претежно сончево и тивко.
-
Македонија 24.10.2024 07:56
Фон дер Лајен во посета на земјава, ќе оствари средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен во посета на Македонија, во рамките на четиридневната турнеја на Западен Балкан. Ќе има средби со претседателката Сиљановска Давкова и со премиерот Мицкоски со кого ќе имаат и заедничка прес-конференција.
-
Македонија 23.10.2024 20:22
Пронајдено безживотното тело на стружанецот по кој се трагаше два дена
Акцијата за пронаоѓање на жител од Струга (60) кој беше пријавен исчезнат од 9 октомври, заврши трагично.
„Исчезнатото лице најдено е мртво во близина на браната Глобочица. На телото не се пронајдени траги на насилство“, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
-
Македонија 23.10.2024 20:05
Татко ја пријавил малолетната ќерка за исчезната, таа се јавила дека заминала за Косово
Денеска (23.10.2024) во 01.30 часот во Полициската станица Карпош, Р.А.(48) од с. Злокуќани, скопско пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Н.А.(14).










