Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово присуствуваше на презентација на најновиот софтвер за менаџмент на воздухопловни операции специјално дизајниран за потребите на хеликоптерските единици во состав на Министерството за внатрешни работи.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан попладнево пристигна во Охрид. Како што информираат владини извори, унгарскиот премиер пристигна со бројна делегација во чиј состав се и 10-тина министри.
Силни пораки од говорницата на 79-тото Генерално собрание на Обединетите нации испрати македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.
Билатерални политички консултации меѓу Северна Македонија и Латвија, со фокус на прашањата од евроинтегративниот процес беа одржани денеска во Скопје, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан од денеска е во дводневна посета на земјава. Тој со македонскиот колега ќе се сретнат во премиерската вила во Охрид. Градот е под силно полициско обезбедување.
Известува Викторија Милевска
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе има обраќање на 79-тото Генерано собрание на Обединетите нации. Таа смета дека отстапките што ги направи нашата земја не беа соодветно вреднувани од Брисел, со што се зголеми фрустрацијата во македонското општество.
Во просторија на основно училиште во населбата Илинден, пронајдена била почината 50-годишната С.М. од Скопје, вработена во училиштето, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Албанија на 15-ти октомври ќе почне да отвора поглавја од преговарачкиот процес. Грција го тргна ветото, Тирана сама продолжува по интегративниот пат. Ова предизвика лавина реакции, и во земјава и во Софија. Брисел чека Скопје да го исполни условот со уставните измени.
Меѓународниот ден на Бошњаците 28 септември (сабота) е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.