Претседателката Гордана Сиљановска Давкова попладне ќе се обрати пред светски лидери на 79. Генерално собрание на ООН.
-
Македонија 26.09.2024 09:21
-
Македонија 26.09.2024 09:03
АВМУ ќе ја презентира анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе го одржи третиот јавен состанок за 2024 година.
-
Македонија 26.09.2024 09:00
Албанија се издвојува од пакетот со Северна Македонија, на 15-ти октомври ги почнува преговорите со ЕУ
Амбасадорите на земјите членки на Европската унија на состанокот во Брисел едногласно одлучија да се одржи втора меѓувладина конференција со Албанија на 15-ти октомври во Луксембург. Грција нотирала дека ги решила спорот и го подигнала ветото за продолжување на преговорите со Албанија.
-
Македонија 26.09.2024 08:59
ЦУК: Девет пожари на отворено во изминатото деноноќие
Во последното деноноќие имало се регистрирани девет пожари на отворено, при што гореле ѓубришта, депонии, запалени кабли и гуми, стрништа, сува трева и нискостеблеста вегетација и шума, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-
Македонија 26.09.2024 08:49
Форум: Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација
Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска ќе биде домаќин на годишниот лидерски форум: Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација.
-
Македонија 26.09.2024 08:41
Мицкоски во посета на Фондот за здравствено осигурување
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе го посети Фондот за здравствено осигурување.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски.
-
Македонија 26.09.2024 08:40
Латвиска делегација предводена од Ингрида Левренс во посета на Собранието
Латвиска делегација предводена од Ингрида Левренс, заменик-државна секретарка за европски прашања и шефица на Директоратот на ЕУ денеска ќе го посети Собранието.
-
Македонија 26.09.2024 08:37
Постојан координатор на ОН во земјава Рита Колумбиа во посета на Парламентот
Новоименуваниот постојан координатор на Обединетите нации во земјава Рита Колумбиа денеска ќе го посети Парламентот.
Како што информира собраниската прес-служба, Колумбија ќе се сретне со претседателот на Собранието Африм Гаши.
-
Македонија 26.09.2024 08:30
Седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот
Во Собранието денеска седница ќе одржи Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
Единствена точка на дневен ред е Годишниот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2023 година.
-
Македонија 26.09.2024 08:29
Орбан во дводневна посета на земјава
Под посебни безбедносни мерки и протоколи во Охрид ќе биде дводневната посета на унгарскиот премиер Орбан и неговата делегација која почнува од денеска.










