Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчера оствари средба со група нерезидентни амбасадори, акредитирани за нашата земја, со седиште во Софија.
-
Македонија 13.09.2024 10:00
-
Македонија 13.09.2024 09:38
Министерството за дигитална трансформација е фокусирано на институционална изградба на системот за сајбер безбедност
За жал, како држава веќе подолго време бевме мета на сајбер напади коишто граѓаните делумно ги почувствуваа. Тоа се заканите за бомби кои доаѓаа на хибриден начин кон основните и средните училишта, па потоа и во трговските центри, а сличен вид на напади се случуваа и во државни институции.
-
Македонија 13.09.2024 09:33
Агелер: Повеќе имиња се под проверка во врска со црната листа на САД
Американската амбасадорка Анџела Агелер, изјави дека се разгледуваат голем број случаи и дека повеќе имиња се под проверка во врска со црната листа на САД.
Таа нагласи дека процесот е во тек и дека, како што случаите ќе напредуваат, амбасадата ќе биде информирана од Вашингтон.
-
Македонија 13.09.2024 09:33
Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на влезот на Гостивар
Вчеравечер на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле две лица. Се судриле патничко возило со гостиварски ознаки и камион со странски таблички, информира СВР Тетово.
-
Македонија 13.09.2024 09:29
20 питомци и двајца офицери од Воената академија пријавиле стомачни тегоби
Ја информираме јавноста дека вчера во раните утрински часови дваесет питомци и двајца офицери на Центарот за обука на питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се пожалиле на мачнина проследена со повраќање.
-
Македонија 13.09.2024 09:19
Дебата за пет закони од областа на образованието
Министерството за образование и наука информира дека на владиниот ЕНЕР систем и на веб страната на МОН објавени се пет предлог закони од областа на образованието и јавноста може да учествува во креирањето на најквалитетните решенија со кои ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат пове
-
Македонија 13.09.2024 09:06
Втор уписен рок на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола
Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола денеска и во понеделник ќе го реализира вториот уписен рок за студенти бруцоши.
Во вториот уписен рок огласени се 1.612 места, а од нив 697 за државна квота, 582 за студирање со кофинансирање и 333 за вонредни студенти.
-
Македонија 13.09.2024 09:02
Муртезани на „Балканскиот интегративен форум 2024“ во Подгорица
На покана на „Европското движење во Црна Гора“ и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ќе учествува на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), што од вчера до утре се одржува во Подгорица.
-
Македонија 13.09.2024 08:41
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
-
Македонија 13.09.2024 08:36
Началникот на ГШ, Лафчиски на конференција на Воениот комитет на НАТО
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски од денеска ќе престојува во работна посета на Прага.









