По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, општина Гази Баба трета година година по ред организира голем музички настан.
Оваа година настанот ќе се оддржи вечер на плоштадот во Автокоманда под мотото „Македонија живее“.
По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, општина Гази Баба трета година година по ред организира голем музички настан.
Оваа година настанот ќе се оддржи вечер на плоштадот во Автокоманда под мотото „Македонија живее“.
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Карпош, Чаир и Гази Баба.
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ја продолжува дводневна работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средби со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Стефано Санино и со генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговори
Во Собранието денеска седница ќе одржат три комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Законодавно правната комисија и Комисијата за финансирање и буџет.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, кој доаѓа во официјална посета на земјава.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше дел од владината делегација која престојува во работна посета на Република Србија.
На итна, јавна седница Судскиот совет ќе го разгледува извештајот на работната група која ја проверуваше работата на судијата Пајазит Пајазити и одлуките поврзани со случаите со Блерим Рамадани и Иџет Мемети.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде од 10 до 19, а максималната од 28 до 36 степени.
Голем пожар има кај Катланово, возете внимателно по автопатот Скопје-Велес – викендиците ќе бидат одбранети, велат од Центарот за управување со кризи(ЦУК).
Од ЦУК нè информираа дека во општина Петровец кај с. Градмаци, с. Брезница и с. Катланово гори нискостеблеста шума.