Синоќа ново пукање, уште едно во низата, а повредено е младо момче од 19 години со прострелна рана. Дополнително, во Струга, исто така во текот на вчерашната вечер околу 1 часот е запалено возилото на Началникот на полицијата.
-
Македонија 03.09.2024 11:28
-
Македонија 03.09.2024 11:22
Граѓаните да извадат нови возачки дозволи, старите важат до крајот на годината, апелира Тошковски
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово ги повика граѓаните кои не ги замениле возачките дозволи, да се појават на пунктовите и да понесат барања да им се издадат дозволи со новото уставно име на државата.
-
Македонија 03.09.2024 09:41
МТСП: Деветти септември неработен ден за сите граѓани
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 09 септември (понеделник -
Македонија 03.09.2024 09:39
Тошковски: МВР е подготвена да се справи со предизвиците
Има информации за дестабилизација на безбедносната состојба во државата, но МВР е подготвена да се справи со предизвиците, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, тврдејќи дека сè уште нема толкава загриженост за да се свика Советот за безбедност.
-
Македонија 03.09.2024 09:26
Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на доградбата на ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден
Премиерот Мицкоски денес ќе присуствува на пуштање во употреба на доградбата на ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден, информираат од Владата.
-
Македонија 03.09.2024 09:02
Влада: Обезбедена навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта
Прв пат по седум години учебната година почнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата, информираат од владината прес-служба.
-
Македонија 03.09.2024 09:00
Одбележување на Јубилејот 25 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG
Денеска во Касарната „Боро Менков“ – Куманово, ќе се одржи свечена церемонија по повод одбележување на Јубилејот 25 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG.
-
Македонија 03.09.2024 08:51
Нов земјотрес утрово во источниот дел на Македонија
Земјотрес со јачина од 2,1 степен по Рихтер утрово е регистриран во источниот дел од Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, епицентарот е кај Берово на длабочина од 10 километри.
Земјотресот е почувствуван и во соседна Бугарија.
-
Македонија 03.09.2024 08:44
Зголемена фреквенција на возила на „Табановце“ и „Богородица“
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Македонија 03.09.2024 08:40
ЦУК: Активни се 4 пожари, еден е под контрола
Во текот на вчерашниот ден, понеделник, имаше вкупно 32 пожари на отворен простор, од кои активни се 4, под контрола е еден, а изгаснати се 27, извести Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите на четири места.










