Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес и утре ќе престојува во Република Словенија каде ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум на тема што ќе се одржи во Блед и ќе оствари повеќе билатерални средби.
-
Македонија 02.09.2024 11:14
-
Македонија 02.09.2024 10:20
Почна новата учебна година
Новата учебна година почна. За првпат околу 18 илјади дечиња седнаа во училишните клупи. Едносменска настава се воведува во 140 училишта. Загрижуваат бројките дека и годинава бројот на првачиња е намален за 3.500. Меѓу главните фактори се иселувањето и намалениот наталитет.
-
Македонија 02.09.2024 10:15
Предлог-законот за парничната постапка денеска пред Комисијата за политички систем
По неколкугодишна блокада, Предлог законот за парнична постапка повторно е во собраниска процедура, соопштија од Министерство за правда.
-
Македонија 02.09.2024 09:57
Од 10-ти ноември нови правила за влез во ЕУ за граѓаните на Македонија
Од 10-ти ноември за граѓаните на Македонија и други земји кои не се членки на Унијата, ќе стапат на сила нови правила за влез во Европската унија, .
-
Македонија 02.09.2024 09:18
Во вторник прва пленарна седница по одморите, на дневен ред интерпелацијата на Гаши
Пратениците се враќаат во собраниските клупи. Во вторник прва пленарна седница по летните одмори. На дневен ред интерпелацијата за спикерот Гаши, поднесена од „Левица“. Лидерот на СДСМ, Филипче, на координација со пратеничката група.
-
Македонија 02.09.2024 09:00
Зголемена фреквенција на возила на „Табановце” и „Богородица”
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
-
Македонија 02.09.2024 08:57
Редуциран градски превоз во Скопје
Во Скопје редуциран градски превоз. Дел од приватните превозници само со по еден автобус на една линија наутро. Бараат да им се исплати долгот од градските власти и зголемување на цената. Решение ќе се бара на средбата со раководството на ЈСП и секретарот на град Скопје.
-
Македонија 02.09.2024 08:41
Почна новата учебна година со 245 илјади основци и средношколци
245 илјади основци и средношколци почнуваат со настава. Речиси 18 илјади првачиња ќе седнат во училишните клупи. Новата учебна година стартува со физичко присуство за сите, освен за ученици од неколку училишта каде што од претходно не биле обезбедени просторни услови.
-
Македонија 02.09.2024 08:05
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=7.
-
Македонија 01.09.2024 19:34
Приведен бегалец од затвор во Тетово
На 01.09.2024 во 15.00 часот на ул. „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ј.(35) од тетовско Горно Палчиште.










