Денеска на собраниска седница е интерпелацијата на спикерот Африм Гаши. Пратениците од опозициската СДСМ ќе гласаат за отповикување на Гаши, а народните избраници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се изјаснија дека нема да ја поддржат интерпелацијата.
-
Македонија 03.09.2024 08:21
-
Македонија 03.09.2024 07:52
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во западните делови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки. УВ Индексот ќе изнесува 7.
-
Македонија 02.09.2024 20:26
Алтернатива избра ново раководство
На денешниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива, се дискутираше за одредување на новото раководство на партијата по Вонредниот конгрес на кој за Претседател беше избран Зеќирија Ибрахими, соопштија од партијата.
-
Македонија 02.09.2024 20:10
Изгореа две куќи во Скопје
Вчера во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Чучер Сандево настанал пожар во две стари напуштени куќи.
Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.
Извршен бил увид.
-
Македонија 02.09.2024 19:26
Земјотрес од 3,4 степени ја стресе Македонија
Земјотрес од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја стресе Македонија.
Според информациите од ЕМСЦ, земјотресот е регистриран на 13 километри северо-источно од Демир Капија.
Земјотресот е со длабочина од 9 километри. Засега нема информации за материјална штета.
-
Македонија 02.09.2024 17:50
Малолетник нападнат во парк во Бардовци
Малолетник бил физички нападнат во парк во селото Бардовци.
Случајот го пријавил таткото на детето.
-
Македонија 02.09.2024 17:27
Одобрено обвинението за Љупчо Палевски
Обвинителниот акт против Љупчо Палевски е прифатен во целост соопшти Кривичниот суд. Судењето за убиствата на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски почнува на 4-ти септември.
Известува Викторија Милевска.
-
Македонија 02.09.2024 17:17
Отворена Подрачна единица при МЗШВ во општина Јегуновце
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на отворање на Подрачна единица при МЗШВ во општина Јегуновце.
-
Македонија 02.09.2024 17:12
Вал: Младите не се вклучени во носењето на одлуките, а насилството е во пораст
Денеска Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги презентираше наодите од истражувањето со наслов „Перцепции, ставови и предизвици на младите во Македонија“.
-
Македонија 02.09.2024 16:52
Малолетничка пријавена за исчезната
На 01.09.2024 во 23.05 часот во Полициската станица Пробиштип, Т.В.(44) од с. Ратавица, пробиштипско, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Е.В.(17).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.










