По вонредните засилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство ги спроведе во туристичките центри во земјава, покрај редовните контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување на засилени контроли на целата територија на државава.
-
Македонија 26.08.2024 12:02
-
Македонија 26.08.2024 11:52
Шангајската листа и оваа година без македонски универзитет
Нема ниту еден македонски Универзитет во првите 1.000 на рангирањето на најдобрите Универзитети во светот, попознато како „Шангајска листа“.
На врвот на листата се универзитетите Харвард, Стенфорд, МИТ, Кембриџ и Беркли.
-
Македонија 26.08.2024 11:29
Општина Центар распиша јавен повик за лични асистенти за 25 ученици со посебни образовни потреби
Општина Центар во рамки на проектот „Образование за сите“ и во учебната 2024/25 година ќе ангажира 25 лични асистенти за поддршка на учениците со посебни образовни потреби и индиректно на нивните семејства.
-
Македонија 26.08.2024 10:09
СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град Скопје
Во текот на вчерашниот ден и денеска, полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбеден град Скопје при што на повеќе од 20 локации беа легитимирани 85 лица, кај сите бил извршен и преглед.
-
Македонија 26.08.2024 09:30
114 години од раѓањето на Мајка Тереза
Денеска се одбележуваат 114 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26-ти август 1910 година на тогашната улица „Поп Кочина“ број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.
-
Македонија 26.08.2024 09:02
На граничните премини нема подолги задржувања
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 26.08.2024 08:59
Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција
Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, при судир на два автомобила животот го загубил 55-годишен државјанин на Северна Македонија.
-
Македонија 26.08.2024 08:54
ЦУК: Активни два пожара, три се под контрола
Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се три, а изгаснати се 15, соопшти утрово ЦУК.
-
Македонија 26.08.2024 07:55
Претпладне сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи
Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во јужните делови.
-
Македонија 25.08.2024 21:22
Локализиран пожарот што избувна во тетовска млекарница, нема повредени лица
По речиси два часа гаснење од страна на пожарникарите, локализиран е големиот пожар што попладнево избувна во фабриката за преработка на млеко во тетовско Камењане. Нема повредени, а според информациите од територијалната противпожарна единица во Тетово, пожарот бил пријавен во 18.20 часот.










