Мора да се врати комуникацијата ученик-родител, зашто последиците се отуѓување и девијантност.
Дури 80 насто од случаите на психолошко советување се токму поради нарушената комуникација.
Мора да се разговара, вели психотерапевтот Ана Алексоска.
Мора да се врати комуникацијата ученик-родител, зашто последиците се отуѓување и девијантност.
Дури 80 насто од случаите на психолошко советување се токму поради нарушената комуникација.
Мора да се разговара, вели психотерапевтот Ана Алексоска.
Коалицијата „Сите за правично судење“, почнува проект со кој ќе се проверува како Судскиот совет ги спроведувал дисциплинските постапки. Целта е да се утврди дали во иднина треба да се менува законското решение или да се интервенира во праксата.
Интеграцијата во Европската унија е наша стратешка цел. Премиерот Мицкоски и министерот за европски прашања Муртезани на прес-конференција ја претставија Нацрт- реформската агенда за периодот 2024 – 2027 година.
Првата неформална средба со медиумите на спикерот на Собранието, Африм Гаши, на кој според најавеното се разговараше за тековните и идните активности на законодавниот дом.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски.
УХМР информира дека под влијание на циклонска активност од исток, следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.
Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година.
Не случајно се вели рударскиот леб има седум кори. Рударите од рековските рудници близу половина век тоа го чувствуваат. Благојче Трипуновски како ракувач на одлагач по четири и пол децении стаж деновиве заминува во пензија.
На 26.08.2024 во 21.00 часот на наплатната рампа Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на автобус со струшки регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од струшко В