Борбата со пожарите на отворен простор продолжува. Пожарникарите веќе 38 ден се без одмор и според информациите на Центарот за управување со кризи, последен ден без ниту еден активен пожар на територијата на државата е 8-ми јули.
-
Македонија 16.08.2024 08:50
-
Македонија 16.08.2024 08:21
Министерката Јаневска ќе се обрати на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик
Денеска во Охрид, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе се обрати на свеченото отворање на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски, јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
-
Македонија 16.08.2024 08:16
Од климатските промени најмногу страда житото
Прво промена на сортите, а потоа и одгледување на целосно нови култури на нивите, е советот на експертите за справување со последиците од климатските промени кај нас.
-
Македонија 16.08.2024 08:02
Сончево и многу топло време
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе изнесува 8.
-
Македонија 15.08.2024 21:30
Попладнево неколку нови пожари, дел од нив предизвикани од удари од гром
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов соопшти дека пожари избувнале во Ресен и Охрид на Галичица, на планината Лубин кај селото Цер, во месноста викана Клепало, Беровско и во месноста викано Чупино Брдо кај кривопаланечкото село Луке.
-
Македонија 15.08.2024 20:43
Хеликоптер на МВР фрли 130 тони вода врз пожарите кај Јасен, Дупјани и Галичица
Денеска (15.08.2024) хеликоптерот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици, дејствуваше врз три пожари и тоа во реонот на Јасен, Дупјани, кичевско и Галичица.
Како што соопшти МВР, во текот на денот во 52 налети се исфрлени 130 тони вода.
-
Македонија 15.08.2024 20:18
ЦУК: Активни се повеќе од 20 пожари низ Македонија
Повеќе од 20 пожари се активни низ Македонија, соопштија попладнево од ЦУК. Освен на Галичица, битка со огнени стихии се води и кај Јасен – Белица во Македонски Брод.
Пожари има и на териториите на општините: Кичево, Маврово Ростуше, Битола, Кочани, Пробиштип, Палсница.
-
Македонија 15.08.2024 20:03
Дачиќ бара објаснување од македонските власти за бегството на Рамадани
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти дека Белград бара објаснување од државните органи на Северна Македонија за бегството на Блерим Рамадани, кој беше уапсен земјата по потерница на Интерпол издадена по барање на Србија.
-
Македонија 15.08.2024 19:31
Кривична пријава за поранешен директор на ЈКП Гази Баба 2007
Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција преземаше предистражни дејствија и во координација со СВР Скопје, Единица за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против В.М.(31) поради основано сомнение дека сторил кривично дело по
-
Македонија 15.08.2024 18:52
ФЗО ја дополни позитивната листа со девет генерики
Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, денеска донесе одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови со вкупно девет лека по генеричко име, односно, по форма и јачина фактички позитивната листа се проширува за вкупно 20 лека, соопштија од Фондот.










