Приведен жител на село Ореше, осомничен за предизвикување на пожар кај селото Папрадиште. Во полициска станица го признал делото. Денеска на територијата на земјава активни девет пожари. Во скопски Петровец е Александра Велинова.
-
Македонија 08.08.2024 13:36
-
Македонија 08.08.2024 13:21
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ не може да се помири што не е на власт
ДУИ бара меѓународен ветинг. Велат дека секое доцнење на овој процес ќе ги засили сомнежите за посветеност кон борбата против корупцијата. Од ВМРО-ДПМНЕ одговор – ДУИ е во очајни обиди да го скрие криминалот.
-
Македонија 08.08.2024 13:02
23 години од загинувањето на десетмината армиски припадници кај месноста Карпалак
Заедничка делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од началникот, Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова денеска положија венец со свежо цвеќе на спомен плочата на бранителите
-
Македонија 08.08.2024 12:57
Средба на заменик министерот на МВР со г-ѓа Керстин Шпицер
Денеска, заменик министерот за внатрешни работи, д-р Астрит Исени одржа работна средба со офицерот за врски во заминување на Сојузната криминалистичка полициска служба на Сојузна Република Германија, г-ѓа Керстин Шпицер.
-
Македонија 08.08.2024 11:49
Лишен од слобода маж од велешко поради предизвикување пожар
Вчера во 12 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.М.(50) од с. Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
-
Македонија 08.08.2024 11:32
Николоски и Гир се заложија да ја реконструираат и вратат во функција централната Пошта
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.
-
Македонија 08.08.2024 09:05
Без вода делови од Карпош
Од ЈП Водовод и канализација-Скопје изветсуваат дека денес(08.08.2024 г.) поради промена на вентил од ф 3/4 на улица Њуделхиска бр.5 (нас.Карпош), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Панче Тошев, Наум Евро, Римска и Анкарска.
-
Македонија 08.08.2024 08:55
ЦУК: Активни се 9 пожари, под контола се 6
Центарот за управување со кризи информира дека во моментов на територијата на Македонија активни се девет пожари, од кои шест се под контрола. Во изминатите 24 часа изгаснати се 25 пожари.
-
Македонија 08.08.2024 08:44
23 години од нападот кај Карпалак
Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 23 години од загинувањето на десетте армиски резервисти.
-
Македонија 08.08.2024 08:10
Сончево и топло
Денеска ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.










