Без вода денеска од 10 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Чупино Брдо“, „Дреновска“ и „Иван Тургењев“ во општина Кисела Вода.
Прекинот е поради дефект на улица „Чупино Брдо“, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
Без вода денеска од 10 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Чупино Брдо“, „Дреновска“ и „Иван Тургењев“ во општина Кисела Вода.
Прекинот е поради дефект на улица „Чупино Брдо“, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
Со почит за загинатите пред спомен обележјето во кругот на прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер во Прилеп почнуваат чествувањата за 23-годишнината од загинувањето на 10 прилепски армиски резервисти кај месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово.
Вчера на владина седница била разгледана можноста за враќање на средното полициско образование, откако Министерството за внатрешни работи предложило реформи во областа на обуката, односно образованието на кандидатите за полицаец.
Вкупно 41 пожар на отворен простор низ државава се евидентирани во текот на вчерашниот ден. Од тој број, шест се активни, девет се под контрола, 26 се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, што е карактеристично за летниот период, но исто како и на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.
Македонија се справува со огнената стихија. Сè уште активни неколку пожари во земјава. Две нови жаришта на отворено, првиот на територијата на општина Петровец, во атарот на село Градманци, а се движи во насока на Катлановска Брезница.
Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. UV=8
Денеска полициски хеликоптер учествуваше во гасење на три пожари. Во раните утрински часови полициски хеликоптер од типот Бел-412 со хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи почна да дејствува на пожарот на Илинска планина.
Како што веќе најави директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, а во насока на рана превенција од пожари, полициските служби започнаа со употреба на дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.
Владата на Република Северна Македонија одржа редовна седница.