-
Македонија 23.07.2024 19:53
Избрани замениците на министрите
Во Собранието седница за комплетирање на новиот владин состав. Пред пратениците, изборот на заменик-министри. Премиерот Мицкоски рече дека тој не барал меден месец и 100 дена грејс-период. Смета дека новата влада почнала решително и фуриозно. -
Македонија 23.07.2024 19:20
Убиство во гостиварско Дебреше
Помлад жител на гостиварското село Дебреше попладнево бил застрелан од огнено оружје и починал од здобиените повреди. Од СВР Тетово потврдија дека кај нив има таква пријава и полициски службеници се на терен и според првичните сознанија, станува збор за убиство.
-
Македонија 23.07.2024 19:10
Министерот Тошковски на увид во градбата на нова Полициска станица во Аеродром
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески, денеска (23.07.2024) извршија увид во градбата на новата Полициска станица од општа надлежност Аеродром.
-
Македонија 23.07.2024 18:38
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени две лица
Вчера во Скопје полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и преземени оперативно тактички мерки, лишија од слобода две лица Ц.Д. од Скопје и Т.А. од Битола, кои се затекнати при купопродажба на околу 500 грама марихуана.
-
Македонија 23.07.2024 18:04
Муцунски во работна посета на Австрија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, ќе престојува во работна посета на Австрија.
-
Македонија 23.07.2024 17:29
Претседателката Сиљановска-Давкова ја прими норвешката амбасадорка Кристин Мелсом
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом.
-
Македонија 23.07.2024 16:55
Штипски пожарникари повредени при гаснење на пожар
Со тешки телесни повреди заврши работниот ден на командирот на штипските пожарникари Благој Ренџов, и на неговиот колега Александар Маролов. При интервенција на старата градска депонија двајцата паднале во дол, при што командирот се здобил со скршеници на двете, а Маролов на едната рака.
-
Македонија 23.07.2024 16:36
Волонтери на Црвен крст помагаат за пожарите
150 волонтери поделени во неколку групи на располагање на оние кои се борат со огнените стихии.
-
Македонија 23.07.2024 16:09
Мицкоски одржа средба со претседателот на фондација „Мармара“
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски придружуван од дел од министрите се сретна со претседателот на фондација „Мармара“, Република Турција, Акан Сувер со својот тим.
-
Македонија 23.07.2024 15:33
Продолжи протестот на вработените во „Ангел Шајче“ во Куманово
Вработените во кумановската градинка „Ангел Шајче“ втор ден на протест. Револтот денеска го изразија пред општина Куманово. Протестот следи бидејќи не им е исплатена јунската плата.










