Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Македонија 29.07.2026 08:39
-
Македонија 29.07.2026 08:15
Сончево и топло, температури до 38 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени.
-
Македонија 28.07.2026 20:47
Расте бројот на заразени со западнонилска треска, потврдени осум случаи
76-годишен скопјанец заразен со западнонилска треска е во тешка здравствена состојба и е на респираторна поддршка, хоспитализиран на Инфективна. На клиниката се лекуваат уште петмина други, додека за тројца се чека лабораториска потврда – сите имаат воспаление на мозокот.
-
Македонија 28.07.2026 20:16
Фокус на владата е имплементација на проектите, вели Мицкоски
Протоколите не се и не треба да бидат дел од преговарачката рамка со Европската унија, категоричен премиерот Мицкоски. Сепак, Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада која, според шефот на Владата, направи егзибиции додека беше на власт.
-
Македонија 28.07.2026 19:40
Министерот Велковски присуствуваше на пуштањето во употреба на новата централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска, заедно со претседателот на Владата, проф.
-
Македонија 28.07.2026 18:45
Сали: Соработката со Турција продолжува да ги зајакнува институционалните капацитети и процесот на европска интеграција
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува во Скопје од 28 до 31 јули 2026 година.
-
Македонија 28.07.2026 18:06
Претреси во Куманово, пронајдени дрога и оружје, лишени од слобода три лица
Вчера во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.М.(19) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
-
Македонија 28.07.2026 17:20
Една недела молк за спортските канали
Една недела по прашањето на Македонската телевизија – дали Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, почитувајќи го јавниот интерес може да ни ги достави на увид документите за реемитување на програмата на Арена М Премиум – молк од регулаторно тело.
-
Македонија 28.07.2026 17:05
Акутната фаза на епидемијата се смирува, гостиварци под засилен епидемиолошки надзор поради ризик од појава на хепатит
Засилен здравствен надзор по можната појава на хепатит А и Е како и на други заразни заболувања по епидемијата, треба да биде во фокусот на лекарите во Гостивар.
-
Македонија 28.07.2026 17:01
Дел од терапиите за пациентите со канцер наскоро ќе се издаваат преку аптеките
Дел од терапиите за пациентите со канцер наскоро ќе се издаваат преку аптеките, наместо исклучиво на Клиниката за онкологија. Министерството за здравство подготвува децентрализација на онколошките услуги.










