Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат бесрамно да ја манипулираат јавноста со наводни нови инвестиции, но овој пат со потег кој е целосно потценување на интелегенција на граѓаните, соопштуваат од СДСМ.
-
Македонија 09.07.2024 09:29
-
Македонија 09.07.2024 09:25
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Фрчкоски, арамии на државната каса
Љубомир Фрчкоски како претставник на Македонија во Њујорк не дал отчет како ги трошел народните пари. Венко Филипче како министер за здравство нема тендер кој не проба да го протне со сомнителни ликови од жути@јаху, до провизијата со вакцините во ек на Ковид, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 09.07.2024 09:06
Запрен конкурсот за издавање учебници за деветгодишно основно образование
Конкурсот за издавање учебници во деветгодишното основно образование е запрен бидејќи ќе следуваат измени и дополнувања на Концепцијата за основно образование. Оваа одлука е донесена согласно заклучокот од седницата на Владата од минатата недела, објави Министерството за образование.
-
Македонија 09.07.2024 08:52
Локализиран пожарот близу фабрика во Прилеп
Локализиран опасниот пожар зад објектите на прилепската територијалната противпожарна единица. Спасени се фабрика и околни објекти во реонот на пожарот, соопштија од Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 09.07.2024 08:50
Во Вашингтон почнува Самитот на НАТО
Лидерите на западната воена алијанса денеска се состануваат во Вашингтон. Годишниот самит на НАТО, кој ќе трае до 11 јули, се совпаѓа со 75-годишнината од неговото основање и се одржува додека трае војната во Украина.
-
Македонија 09.07.2024 08:35
На „Табановце“ за влез во земјава се чека околу половина час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-
Македонија 09.07.2024 08:26
Се чека одлука на приватните превозници дали ќе возат
Дел од приватните превозници треба да донесат одлука дали се враќаат на скопските улици и по 11 часот, или ќе има порадикални мерки. Повеќе од една недела револтирани поради, како што велат, неисплатен долг од ЈСП за гориво, возат само до 11 часот, а потоа автобусите ги паркираат во гаража.
-
Македонија 09.07.2024 08:23
127 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 09.07.2024 08:11
Сончево и многу топло со температури до 39 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Попладне во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
-
Македонија 08.07.2024 20:15
Кривична за петмина за бесправно изнајмување на Олимписки базен
Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција на 05.07.2024 до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против: Д.Д.(55), М.Г.(32), М.М.(64), К.В.










