Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 05.06.2024 09:10
-
Македонија 05.06.2024 08:30
Одбележување на Светскиот ден на животната средина со „зелени“ активности
Со отворање на инсталацијата на ветерниот парк „Богословец“ во Свети Николе и Јуроп Хаус во Тетово денеска „TeamEurope“ ќе го одбележи Светскиот ден на животната средина, соопшти Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
-
Македонија 05.06.2024 08:18
Кандидатури за нов претседател на СДСМ
Поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска денеска се очекува да ги поднесат кандидатурите за претседател на СДСМ.
-
Македонија 05.06.2024 08:13
Техничката влада ќе ги врши неопходните функции, соопштуваат од Собранието
На конститутивната седница на Собранието откако беа верификувани мандатите на новоизбраните пратеници, Собранието констатираше дека на претседателот на Владата и на одреден дел на членовите им престануваат функциите во Владата.
-
Македонија 05.06.2024 08:02
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 05.06.2024 07:55
Сончево и топло со умерена променлива облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, во северозападните и северните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 7.
-
Македонија 04.06.2024 20:40
Судијата Дарко Костадиновски е новиот претседател на Уставниот суд
По девет неуспешни, во десетиот изборен круг уставните судии го избраа Дарко Костадиновски за прв меѓу еднаквите – во наредните три години да раководи со судот. Тој ја обезбедил неопходната двотретинска поддршка, односно за него гласале најмалку шестмина од девет судии.
-
Македонија 04.06.2024 19:52
Веројатно в четврток Сиљановска-Давкова ќе му го врачи мандатот на Мицкоски
Веројатно в четврток претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе му го додели мандатот за формирање нова Влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Ги отфрла обвинувањата на ДУИ дека не го почитуваа гласот на мнозинството Албанци и рече дека е здраво да бидат опозиција.
-
Македонија 04.06.2024 18:44
Дел од неколку скопски општини утре без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 05.06.2024 година (среда), без електрична енергија ќе останат:
-
Македонија 04.06.2024 18:30
Вооружен грабеж во банка во „Скопјанка“
Вооружен крадец со пиштол денеска претпладне ограбил банка во трговскиот центар „Скопјанка“ во скопската населба Аеродром.










