Министерот за внатрешни работи во посета на СВР Скопје. Оценка дека безбедносната состојба на територија на главниот град е стабилна. МВР подготвено за фер и демократски процес.
Известува Андријана Ѓурческа
Министерот за внатрешни работи во посета на СВР Скопје. Оценка дека безбедносната состојба на територија на главниот град е стабилна. МВР подготвено за фер и демократски процес.
Известува Андријана Ѓурческа
Дали е стабилна ситуацијата со големата кашлица, откако беше прогласен епидемија во овој крај.
Елена Георгиевска известува од Куманово.
Пред Денот на здравјето седми април. Докторската фела се собра, со загриженост за состојбите во македонското здравство на кое рак-рана му е и одливот на кадар. Известува Наташа Јанчиќ-Менковски.
Сите патници се во добра здравствена состојба и се на домашно лекување, освен еден патник кој е во потешка здравствена состојба е последната информација од МНР, за сообраќајката во Италија.
Од Конфедерацијата на синдикалните организации велат дека сега во предизборната кампања до нив стигнуваат поплаки од работници за притисок да одат на митинзи. Апелираат да не се врши притисок на работниците.
Прво и основно барање на СОНК по формирањето на новата влада ќе биде продолжување на преговорите за усогласување на платите согласно последното зголемување на минималната плата во основното и средното образование.
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 8 април 2024 година (понеделник), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.
Синоќа во 02.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(34) и О.М.(29), двајцата од Прилеп. Тие биле фатени при извршување на „тешка кражба“ во куќа во Прилеп, при што кај нив биле пронајдени украдените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот.
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 190 возачи.