Денеска во Клубот на пратеници ќе се одржи трибина на тема „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“, во организација на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
-
Македонија 18.03.2024 09:21
-
Македонија 18.03.2024 09:11
Вработените во Пошта денес на двочасовен протест
Вработените во Пошта денеска протестираат од 8 до 10 часот. Како што соопштија бараат исплата на платата за минатиот месец и решение за состојбата во поштенското претпријатие.
Протестот ќе биде пред Дирекцијата и во сите подружници.
-
Македонија 18.03.2024 08:48
Од денес во градинка со три дози ди-те-пер
Од денеска децата со примени три дози ди-те-пер вакцини можат да одат во градинка, но со услов да се ревакцинираат во наредните шест месеци. Лекарите сепак препорачуваат тие да останат дома најмалку две недели по примената трета доза.
-
Македонија 18.03.2024 08:34
119 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 18.03.2024 08:29
На полноќ завршува увидот во избирачкиот список
Вечер на полноќ истекува рокот за увид во избирачкиот список. Државната изборна комисија најдоцна за три дена го доставува до политичките партии кои го побарале. Имаат пет дена од денот на приемот, најдоцна на 26-ти март да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.
-
Македонија 18.03.2024 08:05
Сончево со мала до умерена локална облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд.
-
Македонија 18.03.2024 08:02
Џафери во посета на Општина Боговиње
Претседателот на техничката влада на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска ќе ја посети Општина Боговиње. Премиерот Џафери ќе присуствува на увид во градежни активности на канализациска мрежа во Боговиње.
-
Македонија 17.03.2024 21:43
Дел од Карпош утре без вода
Поради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка на улицата Софиска број 19, прекинато водоснабдување утре ќе имаат корисниците од оваа улица во општина Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
-
Македонија 17.03.2024 21:34
Тошковски во посета на полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во серијата посети на полициски станици за граничен надзор, денес ги посети полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача кои покриваат дел од граничната линија на север кон соседно Косово.
-
Македонија 17.03.2024 20:50
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Центар
Без струја утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров и Центар, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.










