Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно од пладневните часови со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 11 до 21 Целзиусов степен.
-
Македонија 17.03.2024 08:34
-
Македонија 16.03.2024 19:46
Предизборни напади кон противниците
Нема човек кој не греши, можеше и подобро, но, сепак немам стратешки грешки – актуелниот претседател и претендент за нов мандат, Стево Пендаровски пред партијата на пензионерите реферираше за сработеното.
-
Македонија 16.03.2024 18:31
Тошковски во посета на полициските станици за граничен надзор Танушевци и Блаце
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во работна посета на полициските станици за граничен надзор Танушевци и Блаце кои се надлежни за контрола и надзор на дел од северната гранична линија кон Косово.
-
Македонија 16.03.2024 17:20
Вжештена реторика пред почетокот на изборната кампања
Како наближува почетокот на кампањата, така политичката реториката станува се пожестока. Партиите и кандидатите со меѓусебни обвинувања зошто не треба да се гласа за опонентот. Актуелниот шеф на држава Пендаровски вели – не направив ниту една стратешка грешка.
-
Македонија 16.03.2024 16:32
Поведени истраги против дилери на хероин во Скопје и Велес
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело-Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 16.03.2024 16:24
Во Штип се одбележа 75-годишнината од формирањето на НАТО
Нема законска пречка во набавката на транспортни хеликоптери вредни 250 милиони евра во време на избори, тоа е дел од долгорочниот план за развој на одбранбените капацитети, вели министерката за одбрана.
-
Македонија 16.03.2024 16:12
Младите лекари живеат во неизвесност, ја чекаат платената практика
„Ова се фотографии од нашето студирање. Тука имавме сите сон да почне најдоцна до јануари, но, сплет на околности не остави да чекаме до март“.
-
Македонија 16.03.2024 15:49
Синдикатот контра директорот на ДПИ
Извршниот директор на Просветниот инспекторат не е соодветен за функцијата која ја извршува, бидејќи нема ниту еден ден работено во образование, а треба најмалку пет – обвини Независниот синдикат на Просветниот инспекторат. Оттаму прашуваат – како да реагираме за неправилно поставените в.д.
-
Македонија 16.03.2024 15:26
Спласнува интересот за вакцинација против пертусис
Нема метеж на пунктовите за имунизација. Викендов, на прсти се бројат родителите кои ги носат нивните дечиња да ја примат вакцината ди-те-пер против голема кашлица. Лекарите потврдуваат дека таква била сликата и во изминативе два дена.
-
Македонија 16.03.2024 13:20
Од понеделник во градинка деца со три дози вакцини против пертусис
Од понеделник во градинка може со три дози ди-те-пер вакцина. Но, колку ваквата препорака на Комисијата за спречување заразни болести придонесе родителите викендов да ги однесат дечињата на имунизација. Известува Ана Јосифоска – Тодоровска.










