Од денеска децата со примени три дози ди-те-пер вакцини можат да одат во градинка, но со услов да се ревакцинираат во наредните шест месеци. Лекарите сепак препорачуваат тие да останат дома најмалку две недели по примената трета доза.
-
Македонија 18.03.2024 13:30
-
Македонија 18.03.2024 13:23
Битола-Скопје пола година со еден воз дневно
Возниот ред во Македонски железници е во статус кво состојба и никој не знае кога ќе се промени со повеќе линии. На најфреквентната линија Битола – Скопје е еден воз речиси половина година. Најевтиниот превоз им е ретко достапен на граѓаните. Известува Елизабета Митреска.
-
Македонија 18.03.2024 13:19
Вработените во Македонска пошта протестираат поради ненавремената исплата на плати
Синдикалните организации на Mакедонска пошта од 8 до 10 часот протестираа пред дирекцијата и во сите подружници. Бараат исплата на платата за февруари и решение за состојбата во претпријатието. Известува Борис Грујоски.
-
Македонија 18.03.2024 13:11
Приведен маж од тетовско баран со потерница
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 14 часот и 30 минути на локалниот пат за тетовското село Требош го привеле 35-годишниот М.А.
-
Македонија 18.03.2024 12:20
Запленети 22 Автомобили при заедничка акција на Царина и МВР
Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани, соопштија од ЦУ.
-
Македонија 18.03.2024 11:52
Два нови случаи на голема кашлица во Куманово
Два нови случаи на голема кашлица во Куманово. Од Центарот за јавно здравје информираат дека болеста е потврдена кај четиримесечно бебе и шестгодишно девојче. Двете дечиња се во стабилна здравствена состојба, на домашно лекување.
-
Македонија 18.03.2024 11:03
Приведен криминалец баран со потерница
Вчеравечер околу 22 часот и 50 минути на крстосница од улица „Видое Смилевски-Бато“ со улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот К.М.
-
Македонија 18.03.2024 09:51
МВР: 260 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 260 возачи.
-
Македонија 18.03.2024 09:36
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 18.03.2024 09:30
Пожар во куќа во населбата „Кошишта“ во Охрид
Пожар рано изутринава избувна во станбена куќа во охридската населба „Кошишта“.
За пожарот во 00:35 часот била информирана Територијалната противпожарна единица од Охрид, од каде веднаш кон улицата „Андон Дуков“ биле испратени четири противпожарни возила и седуммина пожарникари.










