Уставниот суд и мисијата на ОБСЕ во Скопје склучија Меморандум за разбирање со кој се овозможува промоција и унапредување на принципите на владеењето на правото и основните права и слободи на граѓаните.
-
Македонија 21.02.2024 09:53
-
Македонија 21.02.2024 09:45
Нормализирано влегувањето во Грција преку преминот „Евзони“
Од синоќа од 23 часот нормализирано е влегувањето во Грција преку преминот „Евзони“, кој од 18 часот беше блокиран од грчките земјоделци, а тамошните погранични служби пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по десет минути.
-
Македонија 21.02.2024 09:09
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 21.02.2024 08:33
МВР: 171 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 21.02.2024 08:29
Седница на Законодавно правната комисија
Во Собранието денеска седница ќе одржи Законодавно правната комисија.
-
Македонија 21.02.2024 08:06
Џафери во посета на Општина Арачиново
Претседателот на техничката влада на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска ќе ја посети Општина Арачиново.
Техничкиот премиер Џафери ќе ја посети градинката „Фатосат“, а потоа, ќе го посети Основното училиште „Абдил Фрашери“ во Арачиново.
-
Македонија 21.02.2024 07:59
Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од –3 до 3 степени, а максималната ќе достигне и до 16 степени.
-
Македонија 20.02.2024 21:41
Владата именува членови на Националниот совет за развој
Владата на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата со Предлог – решение за именување членови на Националниот совет за развој, на предлог на Генералниот секретаријат на Владата и донесе Решение за именување членови на Националниот совет за развој.
-
Македонија 20.02.2024 21:34
Владата утврди текст за измени на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство
Владата утврди текст на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.
-
Македонија 20.02.2024 19:58
Предизборни комбинаторики на политичката сцена
На политичката сцена сè уште се прават калкулации околу настапот, нема официјални информации од големите партии околу фаворитите, но ниту околу коалициите. Известува Наташа Гркова-Петрушевска.










