Денеска во 02.30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР-Тетово ги лишиле од слобода М.С.(21) и малолетник, двајцата од Тетово. Тие биле затекнати при кражба на мотоцикл во двор од куќа.
-
Македонија 19.01.2024 10:51
-
Македонија 19.01.2024 10:47
Никола Јакимоски е среќниот фаќач на Светиот крст во Охрид
Никола Јакимоски е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на Охридското езеро.
Тој беше најсреќен меѓу близу илјада капачи кои утрово влегоа во ладните езерски води.
-
Македонија 19.01.2024 10:34
Приведен крадец од Конче
На 18.01.2024 во Штип, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип го лишиле од слобода И.А. (31) од село Габревци, општина Конче, кој бил баран од Одделението за внатрешни работи Радовиш поради сомнение дека е сторител на повеќе кривични дела на подрачје на Радовиш.
-
Македонија 19.01.2024 10:31
На Табановце и Богородица се чека од 30 до 45 минути
На граничните премини Табановце и Богородица утринава за излез од земјава се чека од 30 до 45 минути, соопштува Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 19.01.2024 09:32
Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведени три лица
Денеска во 00.30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода И.В.(34), С.И.(29) и 22 – годишната В.Д., сите од Штип.
-
Македонија 19.01.2024 09:25
Мицкоски: Со добри дела и со силна волја можеме да ја вратиме надежта за посветла иднина и да градиме подобра Македонија за нас и за нашите идни поколенија
На сите православни христијани во Република Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот празник Богојавление – Водици.
-
Македонија 19.01.2024 09:15
Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани коишто го прославуваат празникот и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Ју
-
Македонија 19.01.2024 08:58
Променливо облачно со сончеви периоди
Наутро во дел од котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец.
-
Македонија 19.01.2024 08:53
Православните верници го слават Богојавление-Водици
Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
-
Македонија 18.01.2024 20:45
Заев, Ковачевски и Ахмети се сретнале во Скопје
Интересна средба се случила во текот на денов. Премиерот Ковачевски и актуелен лидер на СДСМ разговарал со поранешниот премиер и некогашен предводник на социјалдемократите Заев и со првиот човек на ДУИ, Ахмети. Тројката се сретнала во Скопје, а средбата траела околу 4 часа.










