САД ја проширија црната листа на лица од Македонија поради корупција. Покрај Орце Камчев, за персона нон грата се прогласени неговата мајка и брачниот пар Самсоненко. На листата завршија и пет фирми кои се поврзуваат со нив, меѓу кои се „Орка Холдинг“ и „Систина Лајф Кеар Центар“.
-
Македонија 17.11.2023 09:27
-
Македонија 17.11.2023 09:21
ЦУК: Четири пожари на отворено, 1.650 повици на бројот 112
Во изминатото деноноќие имало четири пожари на отворено - два во Скопје и околината, еден покрај патот Свети Николе – Штип под надвозникот кај с. Ерџелија и еден кај теовското село Гајре. За нивно гаснење интервенирале противпожарни единици, соопшти ЦУК.
-
Македонија 17.11.2023 09:17
Меџити: Здравствениот дом Куманово доби современи услови за работа
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска го посети Здравствениот дом Куманово каде заврши процесот на реновирање, со цел обезбедување современи услови за работа какви што пациентите и здравствените работници заслужуваат.
-
Македонија 17.11.2023 09:14
Седници на две собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 17.11.2023 09:12
Во Скопје прв регионален министерски состанок за Планот за раст на Западен Балкан
Во Владата денеска ќе се одржи првиот состанок за Планот за раст на Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст што беше објавен од Европската комисија на почетокот на овој месец.
-
Македонија 17.11.2023 09:02
Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија
Собраниската Анкетна комисија за случувањата на Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска треба да продолжи со работа со разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во оваа клиника.
-
Македонија 17.11.2023 08:43
Ковачевски ќе оствари средба со премиерката Ана Брнабиќ на Србија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ќе оствари средба со претседателката на Владата на Република Србија Ана Брнабиќ, во рамки на учеството на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“.
-
Македонија 17.11.2023 08:22
Лиценци за проценители на тутун
Во тек е пријавувањето за полагање на испитите за добивање на лиценци за
-
Македонија 17.11.2023 08:11
Османи на Улпиана форум во Приштина
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на Улпиана форумот во Приштина, на покана на заменик-претседателката на Владата и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Грвала-Шварц.
-
Македонија 17.11.2023 08:08
Променливо облачно со врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20 л/м2).










