Законот за амнестија за помали кривични дела, утре на владина седница. Заедно со измените на кривичниот законик е и усогласувањето со европското законодавство. Нема помилување на поранешни или актуелни функционери, тврди Ковачевски.
-
Македонија 25.09.2023 15:06
-
Македонија 25.09.2023 14:50
Ахмети за случувањата на Косово: Итна акција за гаснење на малигниот пожар
Убиствениот напад врз Косово и полицијата е напад врз мирот, стабилноста и безбедноста на целиот регион, напиша лидерот на ДУИ на Фејсбук. Ахмети со осуда за убиството на полицаецот и ранувањето други лица на северот од Косово.
-
Македонија 25.09.2023 14:42
Петровска со осуда за нападот врз косовската полиција
Министерката Славјанка Петровска денеска на прес-конференцијата со норвешкиот министер за одбрана, Бјорн Арилд Грам на новинарско прашање зборуваше и за состојбата на Косово, при што изрази силна осуда за нападот на косовската полиција, и порача дека тоа е показател дека и Белград и Приштина мора
-
Македонија 25.09.2023 14:22
Тренчевска: Соработката со граѓанскиот и приватниот сектор дава најдобри резултати
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес официјално го означи почетокот на работа на сензорната соба во склоп на Центарот за лица со интелектуална и телесна попреченост во Битола.
-
Македонија 25.09.2023 14:21
Пенов: Во Демир Капија годинава инвестираме за подобра инфраструктура
Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој во континуитет, секоја година финансиски поддржуваме над 100 проекти за развој на планските региони, на општините и на селата. Пример е овој проект за реконструкција на улицата Партизанска во Демир Капија.
-
Македонија 25.09.2023 14:18
Претрес во скопско Количани, пронајдени пушки, приведено едно лице
Денеска во с. Долно Количани, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(35) од с. Долно Количани.
-
Македонија 25.09.2023 14:13
Вонреден надзор во КПД Идрозво
Во врска со наводите на Јанко Јаневски кој отслужува 9 годишна затворска казна, дека имал уцени и закани по живот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа, Управата за извршување на санкции изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски кој им
-
Македонија 25.09.2023 14:06
Железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола е во прекин
Железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола е во прекин. Пожарите во пелагониско уништија речиси илјада прагови од пругата.
Од Македонски железници – инфраструктура информираат, дека интензивно работат на отстранување на дефектот за повторно оспособување на сообраќајот.
-
Македонија 25.09.2023 13:07
Град Скопје почна со санирање на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници
Град Скопје во соработка со Јавното претпријатие Улици и патишта од почетокот на годината отпочна со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.
-
Македонија 25.09.2023 12:37
Богоев: Царината е партнер на бизнис заедницата и заштитник на здравјето на граѓаните
Царинската управа од една страна служи како ефикасен партнер на бизнис заедницата и поддршка на легалната економија, а од друга страна секојдневно се бори со спречување на разни форми на криминалитет со цел заштита на здравјето на граѓаните, вели Стефан Богоев во гостување на национална телевизиј









