Изминатата ноќ во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
-
Македонија 06.08.2023 11:05
-
Македонија 06.08.2023 10:31
Продолжен рокот за завршување на реконструкцијата на регионалниот пат Велес-Градско
Рокот за реконструкција на регионалниот пат Велес-Градско е пролонгиран до 30 ноември годинава. Изведувачот бил воведен во работа на 30-ти август лани, а рокот за изведба на градежните работи од девет месеци истече на 30-ти мај годинава. Должината на трасата која се обновува е 22 километри.
-
Македонија 06.08.2023 09:56
Висок процент мајки ги дојат новороденчињата
Се одбележува Светската недела за доење. Кумановската болница со низа активности и обуки за придобивките од доењето, предноста и користа на мајчиното млеко. Надлежните и лекарите задоволни од процентот на мајките кои ги дојат новороденчињата. Велат бројката се движи од 80 до 90 отсто.
-
Македонија 06.08.2023 09:26
На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу еден час
На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат утрово од АМСМ.
-
Македонија 06.08.2023 09:04
147 сообраќајни прекршоци во Скопје, 66 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 06.08.2023 08:32
Претпладне променливо облачно со дожд, попладне претежно сончево и посвежо
Претпладне ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец.
-
Македонија 05.08.2023 19:36
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу еден час
На граничниот премин „Табановце“ поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
-
Македонија 05.08.2023 19:26
Локализиран пожарот кај Дојран
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР дејствуваше во реонот на Дојран, каде успешно беше локализиран пожарот кој настана околу 12 часот.
-
Македонија 05.08.2023 18:49
По високите температури, нестабилно време со пороен дожд и грмежи
По високите температури од изминатиов период, од попладнево земјава е под влажна воздушна маса, којашто донесе пороен дожд, силен ветер и грмежи. Нестабилноста од запад премина кон централните и источните делови.
-
Македонија 05.08.2023 18:41
Нападнат претседателот на Независниот синдикат на полицијата
Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев – Тодев денеска беше физички нападнат од Александра Дуковска, која претставувајќи се како новинар пред почетокот на прес-конференцијата бараше од него да се легитимира. Тој не возврати на нападот.










