По високите температури од изминатиов период, од попладнево земјава е под влажна воздушна маса, којашто донесе пороен дожд, силен ветер и грмежи. Нестабилноста од запад премина кон централните и источните делови.
-
Македонија 05.08.2023 18:49
-
Македонија 05.08.2023 18:41
Нападнат претседателот на Независниот синдикат на полицијата
Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев – Тодев денеска беше физички нападнат од Александра Дуковска, која претставувајќи се како новинар пред почетокот на прес-конференцијата бараше од него да се легитимира. Тој не возврати на нападот.
-
Македонија 05.08.2023 18:05
Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе
Денеска Хеликоптерската единица за полициски намени дејствуваше во реонот на Свети Николе, каде успешно беше локализиран пожарот кој настана околу 11.30 часот.
Притоа хеликоптерите на МВР (Мi171 и Bell412) во 34 наврати исфрлија 54 тони вода.
-
Македонија 05.08.2023 16:17
Синдикалците алармираат за наталожените проблеми
На Клиниката за токсикологија има дваесетина ангажирани со договор на дело. Ако решат да ја напуштаат клиниката, работниот процес ќе згасне. Нема да има болничари, нема да постои токсиколошка лабораторија која и сега се потпира на високообразован персонал со договор на дело.
-
Македонија 05.08.2023 14:46
Борба со огнените стихии, спас се гледа во дождот
Едни се локализираат и гаснат, други се појавуваат. Тешка битка со пожарите на земјава.
-
Македонија 05.08.2023 14:32
Невремето ќе биде со послаб интензитет, смируваат од УХМР
Во земјава попладнево и во вечерните часови се најавува нестабилно време со поројни дождови, грмежи и силен ветар. Од Управата за хидрометеоролошки работи смируваат дека невремето ќе биде со послаб интензитет од она што погоди дел од Балканот.
-
Македонија 05.08.2023 13:22
Османи црта на табла, ВМРО-ДПМНЕ тврди оти ќе има нови услови
Гласајте за уставните измени, па одиме на предвремени избори.
-
Македонија 05.08.2023 12:43
За 43% намален криминалот во Битола во однос на минатата година
Битолската полиција се пофали со добри резултати во работењето. Статистиката на МВР покажува дека бројот на тешки кражби е намален за 43% споредено со лани.
-
Македонија 05.08.2023 12:20
Тетово во сообраќаен колапс
За да поминете два километри во Тетово ќе возите половина час. До секоја дестинација во градот се стигнува побрзо пеш отколку со возило.
-
Македонија 05.08.2023 11:09
Поради високите температури продолжен рокот за ремонт на пругата од Велес до Кадина Река
Рокот кој Македонски железници Инфраструктура сами си го дадоа за ремонт на железничката пруга од Велес до Кадина Река, нема да се испочитува. Иако во најавата беше дека за две седмици, од 26-ти јуни до 10-ти јули ќе се изврши реконструкција на оваа делница, тоа не се случи.









