Македонскиот премиер е во дводневна посета на Германија, денеска е разговарано и за економската соработка меѓу двете земји и новите инвестиции.
Од Берлин известува Марина Стојанова-Тонева.
Македонскиот премиер е во дводневна посета на Германија, денеска е разговарано и за економската соработка меѓу двете земји и новите инвестиции.
Од Берлин известува Марина Стојанова-Тонева.
Поради сообраќајна несреќа во тунелот пред Катланово во прекин е сообраќајот на автопатот Велес-Скопје, информираат од Центарот за упраување со кризи (ЦУК).
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска, поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Во рамки на работната посета на Брисел, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Микела Матуела, вршителка на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Ев
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете институции за спроведување заеднички проектни активности во периодот 2023-2025 година.
Премиерот Ковачевски во рамки на дводневната посета на Берлин денеска учествуваше на експертска дискусија организирана од страна на фондацијата „Фридрих Еберт“, на која учесниците разговараа за европската интеграција на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан и можностите за економски нап
Отворен конзулат на Норвешка во Македонија. Државниот врв на двете земји смета дека ова е значителен чекор за напредок на соработката меѓу нашата и скандинавската држава.
Македонија е втора држава надвор од ЕУ која подготви втор Индекс за родова еднаквост, кој придонесува за натамошно изедначување на правата на мажите и жените во сите области од општеството. Според министерката Тренчевска, имаме напредок, на добар пат сме да воспоставиме родова еднаквост.
Законот за родова еднаквост е за еднакви можности за жените и мажите и за унапредување на правата на жените, а не за смена на полот или истополови бракови, појаснува министерката за труд и социјална политика Тренчевска по реакциите во јавноста дека со овој закон се дозволува тоа.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во рамки на дводневната официјална посета на Берлин, Сојузна Република Германија даде изјава за медиумите.