По скоро две години е одблокирана сметката на Општата болница во Охрид што е резултат на домаќинското работење и финансиската поддршка од Фондот за здравство и Владата.
-
Македонија 06.05.2023 13:21
-
Македонија 06.05.2023 13:04
Хроничната кашлица кај децата тема на првиот симпозиум на Македонското педијатриско здружение
Хроничната кашлица кај децата денес е еден од најчестите предизвици кои ги погодува матичните лекари, педијатрите и родителите. Таа може да биде симптом на многу сериозни состојби и компликации со трајни последици.
-
Македонија 06.05.2023 12:20
Донаторството му помага на ограничениот општински буџет
Изградба на инклузивно детско игралиште во Паркот на револуцијата, доуредување на дворовите во детските градинки „Наша иднина“ и набавка на лифтови за лица со ограничено движење во две средни училишта, се трите проекти кои ги избраа прилепчани преку форумот на заедниците.
-
Македонија 06.05.2023 12:12
Потребна опрема за ефикасно справување со пожари во Тетово
Тетовските противпожарни возила, патуваат и до 30 километри пат за одредени интервенции. Низ метеж, на места и низ руинирани патишта.
Акциите не секогаш се успешни, поради големата далечина. Од Општината Тетово велат дека работаат на решавање на проблемот.
-
Македонија 06.05.2023 12:05
Стратегија за поквалитетен живот на Ромите во Куманово
Урбанизација на ромските населби, зголемување на бројот на вработени, подобрување на состојбата во образованието, здравството, домувањето, но и културата, се приоритетите на стратегијата за социјална инклузија на Ромите во Куманово за периодот 2023-2030 година.
-
Македонија 06.05.2023 12:01
Петровска: Со сеопфатен општествен пристап до посилно и поотпорно општество
Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово во Охрид учествуваше на работилницата насловена „Зголемување на свеста за хибридните закани: зајакнување на отпорноста на Западен Балкан“, организирана од Евроатлантскиот совет на Северна Македонија на која стана збор за ранливоста на општествата
-
Македонија 06.05.2023 11:04
Претрес во Куманово, приведени двајца дилери, пронајдена дрога
На 05.05.2023 во 11.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово во координација со Одделот за криминалистичка полиција ги лишиле од слобода И.М.(47) и Б.И.(46), двајцата од Куманово.
-
Македонија 06.05.2023 08:52
Гир на отворање на „Europe House“ во Битола
Евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска официјално ќе ја отворат „Europe House“ во овој град.
Отворањето го означува почетокот на активностите на Денот на Европа 2023 година на Делегацијата на Европската унија.
-
Македонија 06.05.2023 08:45
Пендаровски на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети
Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска ќе присуствува на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети.
-
Македонија 06.05.2023 08:32
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.










