Владата на Република Северна Македонија, денеска ќе одржи седница.
За заклучоците и одлуките од седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето, соопштуваат од владината прес-служба.
Владата на Република Северна Македонија, денеска ќе одржи седница.
За заклучоците и одлуките од седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето, соопштуваат од владината прес-служба.
Синодот на МПЦ-Охридска Архиепископија одржа седница, на која се расправаше за одлуката за обединување со ПОА на Вранишковски. Од владиците дадено е зелено светло.
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Љ.Т.(61) од Демир Хисар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353 в од Кривичниот законик.
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за национална одбрана на Романија, Ангел Тилвар, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
„Во време кога кризите се зголемуваат според интензитет и изложеност, малку е веројатно дека набргу ќе влеземе во мирни води“-ова го истакна претседателот Пендаровски на конференцијата „Поврзување на бизнисите со иновациите и технолошкиот развој преку образованието и образовните политики“.
Одложување на судскиот процес за наредниот месец, кога треба да се прочитаат завршните зборови за случајот – Модуларна болница Тетово, побара одбраната на првообвинетиот Флорим Бесими, поранешен директор на Клиничката болница.
Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) од денеска стапи во Генерален штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на св
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 12.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изрече
Создавање на просперитетни економии, преку поголема употреба на дигиталните алатки и стратешко лидерство е главна тема на годинешното дводневно издание на Самитот Македонија 2025 кој започнува утре на 26 април 2023.
Со испитување на вештакот Дамјан Мирчевски, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.