Денеска, со почеток во 16:30 часот премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод Денот на наставата на турски јазик, во спортската сала Борис Трајковски, организиран од Сојузот на турските граѓански организации МАТУСИТЕБ.
-
Македонија 21.12.2022 11:00
-
Македонија 21.12.2022 10:31
Шаќири оствари средба со новиот Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал
Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во напорите за унапредување на сите општествени сегменти, вклучително и образовниот систем кој е всушност клучниот столб на националната стратегија за развој.
-
Македонија 21.12.2022 10:24
Претрес во Струмица, пронајдена дрога
Вчера во 16 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.И.(29) од Струмица.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и масло од канабис.
-
Македонија 21.12.2022 10:23
Исплатата на декемвриските пензии од 27 декември
Владата на вчерашната 112-та седница донесе одлука исплатата на декемвриските пензии да почне од 27 декември 2022 година.
-
Македонија 21.12.2022 09:32
Вечерва почнува зимата
Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнува вечер во 22 часот и 48 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото.
-
Македонија 21.12.2022 09:32
Честитка од претседателот Пендаровски по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик
Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија.
-
Македонија 21.12.2022 09:05
Во Собранието ќе заседаваат четири комисии
Во Собранието денеска ќе бидат одржани четири комисиски седници.
Седници во Собранието ќе одржат Комисија за економски прашања, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и две седници ќе одржи Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 21.12.2022 08:59
Спасовски во посета на СВР Куманово
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети Секторот за внатрешни работи – Куманово.
Посетата, како што информираат од МВР, е дел од планираните посети по секторите за внатрешни работи и регионалните центри низ државата со цел согледување на сработеното.
-
Македонија 21.12.2022 08:15
Студено утро, со појава на магла по котлините
Наутро студено, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер.
Во Скопје наутро студено со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност.
-
Македонија 20.12.2022 20:49
Утврден е Предлогот на Закон за ратификацијата на Договорoт со ФРОНТЕКС
Владата на денешната седница го утврди Предлогот на Закон за ратификацијата на Договорoт помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија.










