Се очекува томосот на Цариградската патријаршија за автокефалноста на МПЦ да стигне по изјаснувањето на уште неколку помесни цркви на кои не им пречи нашето име, изјави владиката Петар по томосот од Цариград, ќе следи признавањето на другите цркви кои имаат проблем со името.
-
Македонија 19.12.2022 15:41
-
Македонија 19.12.2022 15:25
Ниска доверба и незадоволство од судството во државата
Политичките чинители велат дека се незадоволни од судството и ниската доверба на граѓаните кон него. Се обвинуваат едни со други за тоа кој го партизирал и колкаво влијание има врз носењето одлуки. Имаме заробено обвинителство и судство од оваа власт, вели опозиционерот Мицкоски.
-
Македонија 19.12.2022 15:13
Апелација образложи, Советот ќе проверува
Работна група од Судскиот совет ќе проверува како работеле колегите од Апелација кои ја укинаа пресудата за случајот „Таргет тврдина“.
-
Македонија 19.12.2022 15:08
Уапсен е возачот кој прегази 11- годишно девојче во Велес
Уапсен е возачот кој се сомничи дека усмрти 11 годишно девојче на пешачки премин, каде што поминувала со нејзините родители. Мајката мина со тешки телесни повреди, таткото со силна вознемиреност, тие два дена се на домашно лекување.
-
Македонија 19.12.2022 15:05
ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ со предност пред СДСМ
Најновата анкета на ИРИ покажува алармантни податоци за довербата во судството и обвинителството. Само 4% проценти од испитаниците целосно му веруваат на правосудството, а 3 на обвинителството, што сугерира дека наместо да се подобруваат, работите одат на полошо.
-
Македонија 19.12.2022 14:52
Нов ски-центар на Попова Шапка
Инвестиции во два резервоари за вода од кои во зима ќе се прави вештачки снег, а во лето би се користеле како летни атракции. Ова се само дел од плановите на италијанската фирма „Техно Алпин“ која проценила дека Попова Шапка има потенцијал да развие исплатлив ски туризам.
-
Македонија 19.12.2022 14:30
Безбедносно предупредување поради дојавите за бомби
По Германија, и САД упатија предупредување до своите државјани кои патуваат или престојуваат во земјава да бидат внимателни – и поради потенцијалното зголемување на криминалот за празниците, но и поради честите закани за поставени бомби.
-
Македонија 19.12.2022 14:26
Да се повлече учебникот по историја, бара Здружението на историчари
Учебник со интернет содржина, набрзина напишан, со погрешни информации, небулози и суштински недостатоци, од кои основците учат грешна историја за Македонија. Здружението на историчари бара веднаш да се повлече учебникот по историја и општество за 5-то одделение.
-
Македонија 19.12.2022 14:13
Пендаровски на првата Академија за дисеминатори за Меѓународно хуманитарно право
Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на отворањето на првата Академија за дисеминатори за Меѓународно хуманитарно право, што се одржува во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
-
Македонија 19.12.2022 13:36
Тренчевска: Инклузивните градинки се нашата цел, јавните детски установи се место за сите деца
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети објектот „Пчелка“ на јавната детска установа „Ангел Шајче“, во Куманово и донираше инклузивни сликовници со брајово писмо за децата со оштетен вид.










