Учениците кои ќе се запишуваат во прва година средно образование за 2022/2023 година, од оваа година ќе може да се пријавуваат електронски наместо да поднесуваат документи во училиштата.
-
Македонија 06.04.2022 13:05
-
Македонија 06.04.2022 12:44
Ковачевски предводи владина делегација на „Делфи економскиот форум“ во Грција
Премиерот Димитар Ковачевски на седмиот „Делфи економски форум“ во Грција ќе ја предводи владината делегација. На Форумот во различни денови учествуваат и вицепремиерот за економски прашања и министрите за надворешни работи, финансии, економија, одбрана и животна средина.
-
Македонија 06.04.2022 12:43
Приведен крадец во Скопје баран по потерница
На 05.04.2022 во 00.30 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го привеле Е.Д.(22) од Скопје.
-
Македонија 06.04.2022 12:26
Приватните матични лекари утре на протест
Матичните лекари повторно на протест незадоволни од бројните проблеми за чие решавање државата не преземала ништо. Утре, на Денот на здравството, ќе протестираат пред Министерството за здравство. Така одлучил управниот одбор на Здружението на приватни лекари.
-
Македонија 06.04.2022 12:05
Пронајден кокаин, приведен дилер од Гостивар
Вчера вечер, околу 23.40 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишилен од слобода 54-годишниот гостиварец М.Л. затоа што при преглед му бил пронајден кокаин.
-
Македонија 06.04.2022 11:47
Обвинетиот за сообраќајката кај „Сити Мол“ призна вина за смртта на Викторија Николова
Обвинетиот Јордан Ѓоргиев, призна вина за сообраќајна несреќа кај „Скопје Сити Мол“ во која при преминување на пешачки премин загина 24-годишната Викторија Николова, а со тешки телесни повреди се здоби нејзиниот партнер, Леонид Даов.
-
Македонија 06.04.2022 11:13
Пожар во трансформаторска станица, дел од соларната електрана „Осломеј“
Претпладнево избувна пожар во трансформаторска станица што е дел од новоизградената соларна електрана на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“. Пожарот е изгаснат, а од компанијата истакнаа дека се работи за пробна работа и оти се можни вакви дефекти, пренесува МИА.
-
Македонија 06.04.2022 11:03
240 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи.
-
Македонија 06.04.2022 10:55
Седница на Комисијата за европски прашања
Во Собранието денеска ќе се одржи седница на Комисијата за европски прашања.
Како што е наведено на веб страницата, на дневен ред ќе биде предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција, по скратена постапка.
-
Македонија 06.04.2022 10:08
99 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во периодот од 12 до 17 часот на територијата на државата спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.










