Нов протест на приватните лекари, овој пат на 7-ми април на Денот на здравството и тоа во Скопје пред Министерството за здравство. Така одлучил УО на Здружението на приватни лекари. Овој ден тие нема да примаат пациенти и истите ќе бидат упатени до службите за Итната помош.
-
Македонија 05.04.2022 16:07
-
Македонија 05.04.2022 16:05
Активистичка инсталација за минималната плата
Утринава, на една од најфреквентните скопски раскрсници, осамна активистичка инсталација која се однесува на скорешното покачување на минималната плата на 18.000 денари, за разлика од деветте илјади денари колку што изнесуваше во 2016-та година.
-
Македонија 05.04.2022 15:29
Генерален штрајк во Пошта на 14-ти април
За 14-ти април закажан генерален штрајк во Пошта. Ваква одлука донесе синдикатот поради неисполнување на нивното барање за зголемување на платите на вработените во износ од 3.000 денари.
-
Македонија 05.04.2022 15:07
Три години и шест месеци затворска казна за Јанакиески во случајот „Топлик“
Три ипол години казна затвор му изрече судот на екс- министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за случајот „Топлик“. Предметот е за продажба на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба „Сончев град“ во Сопиште.
-
Македонија 05.04.2022 14:57
Политичките партии да покажат единство за влијанието на руската пропаганда
Воведот во дебатата „ЕУ по руската инвазија-нов потенцијал за забрзан пристапен процес на земјите од Западен Балкан“ експертите го започнаа со големо разочарување и осуда од графитите со латинската буква „Z“ кои деновиве се појавуваат на повеќе локации во централното градско јадро.
-
Македонија 05.04.2022 14:43
Дури 32% од граѓаните во земјава дале мито
Повеќе од 30 проценти од граѓаните во земјава дале мито, покажале истражувањата-тврди првиот човек на невладината МЦМС, Кржаловски. Тоа е погубен податок за состојбите во земјава и тоа треба да биде спречено, вели директорот на оваа организација.
-
Македонија 05.04.2022 14:20
Протест на родителите на деца со посебни потреби, бараат покачување на посебниот додаток
Десет проценти од вкупната популација се со некаков вид попреченост, но сепак најтешко се чини им е на родителите на децата со такви проблеми. Велат дека малкуте средства што ги добиваат како помош од државата ги натерало да излезат на улица.
-
Македонија 05.04.2022 13:55
Невладини здруженија за права на Ромите спроведуваат свој попис во Штип
Државниот завод за статистика има направено голем пропуст во пребројувањето на Ромите во Општина Штип. Ова е став на невладините ромски здруженија. Според нивни анализи, бројот на ромско население во општината е скоро двојно поголем од евидентираните 2.700 лица.
-
Македонија 05.04.2022 13:50
236 нови случаи со Ковид-19
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 125, Битола – 29, Кавадраци – 12, Прилеп и Гевгелија – по 10, Охрид – 9, Ресен – 7, Кичево – 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Велес – 3, Гости
-
Македонија 05.04.2022 13:10
Војната во Украина негативно се одразува и врз културните институции
Иако Министерството за култура годинава издвои далеку поголема сума од лани за реализација на проектите на охридскиот Завод и Музеј ценовните шокови по војната во Украина ќе предизвикаат многу проблеми за нивна реализација.










