Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ќе учествува на министерскиот состанок на Обединетите нации за мировни операции, што ќе се одржи виртуелно, во организација на министерот за надворешни работи на Република Кореја, Чунг Еуи-јонг и министерот за национална одбрана, Су Вок, заедно
-
Македонија 07.12.2021 09:28
-
Македонија 07.12.2021 09:22
Јавен повик за субвенции во рибарството
Право за користење на финансиската поддршка за инвестиции во бизнисот со рибарството имаат фирмите кои се регистрирани за оваа дејност и кои имаат или користат имот на кој ќе градат рибници.
-
Македонија 07.12.2021 09:14
МВР:122 санкционирани возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-
Македонија 07.12.2021 09:12
Почнува празнувањето во чест Св. Климент Охридски, патронот на МПЦ-ОА
По повод празникот на големиот Светител Климент Охридски, патронот Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, во Соборниот храм во Скопје, посветен нему, вечер со почеток во 17:30 часот ќе се одржи свечена празнична богослужба, со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.
-
Македонија 07.12.2021 08:56
Армијата добива нови 7.000 борбени униформи и нови 700 комплети униформи за специјалните сили
Министерството за одбрана обезбеди и втор комплет на 7.000 нови борбени униформи за припадниците на Армијата. Баталјонот за специјални сили добива нови 700 комплети на борбени униформи, специјално дизајнирани според нивните побарувања.
-
Македонија 07.12.2021 08:45
Облачно и постудено со дожд и снег
Времето денеска ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
-
Македонија 06.12.2021 16:37
Заев ќе ги информира владините партнери за договорот со Алтернатива
Премиерот Зоран Заев вечер на заедничка средба ќе ги информира партиите од владината коалиција за договорот за влегување на Алтернатива во Владата. Средбата со претставници на политичките партии од владината коалиција ќе се одржи во Владата во 18 часот.
-
Македонија 06.12.2021 15:23
Протест на стоматолозите специјалисти
Зголемување на цената на услугите кои ги даваат стоматолозите специјалисти, да се одвојат трошоците за забна техника од буџетот на специјалистите, заботехничките лаборатории да имаат посебен договор со ФЗОМ, ова се дел од барањата на специјалистите стоматолози, кои протестираа пред Министерството
-
Македонија 06.12.2021 15:03
ДУИ: Со нов коалициски партнер нормално е да се направат отстапки
Откако Заев и Гаши ја договорија коалицијата и алтернативците добија покрај трите министерства и значаен број директорски места, од ДУИ коментираат дека знаеле сè за договорот, и дека со нов коалициски партнер нормално е да се направат отстапки.
-
Македонија 06.12.2021 14:56
101 нов случај со Ковид-19, починати 13 лица
Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино – по 2, Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 1.










