Од први септември основците и средношколците се враќаат во училишните клупи. Наставата ќе почне со физичко присуство сѐ додека тоа го дозволува епидемиолошката слика- потврди министерката Царовска. Кризниот штаб оценил дека има услови за отворање на училиштата.
-
Македонија 17.08.2021 14:27
-
Македонија 17.08.2021 14:01
Расте бројот на заболени и хоспитализирани со Ковид-19 во Охрид и во Струга
Само за една недела во струшката болница се хоспитализирани нови 20 пациенти со корона вирусот. 17 од нив се на кислородна поддршка, а најмладиот има 30 години.
-
Македонија 17.08.2021 13:48
Зголемен интересот за вакцинација, вчера аплицирани 18.877 вакцини
Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство.
-
Македонија 17.08.2021 13:05
Поради пандемијата едно од 10 деца развива анксиозност или депресија
Пет проценти од децата биле целосно исклучени од далечинско учење, немале пристап до компјутер или мобилен телефон, покажало истражувањето на Првата детска амбасада Меѓаши.
-
Македонија 17.08.2021 12:37
Царовска: Учебната година ќе почне со физичко присуство доколку дозволува епидемиолошката состојба
Учебната година ќе почне со физичко присуство сѐ додека тоа го дозволува епидемиолошката слика, вели министерката Мила Царовска. Оваа одлука треба да ја потврди и Владата на денешната седница.
-
Македонија 17.08.2021 12:26
Фатено едно лице при извршување тешка кражба
Вчера во 05 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(36) од Скопје.
Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во салон за автомобили и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
-
Македонија 17.08.2021 12:05
Ана Петровска, кандидат на „Зелен хуман град“ за градоначалник на Скопје
Иницијативата „Зелен хуман град“ започна со собирање на потписи за кандидирање на локалните избори. Се надеваат дека свои преставници ќе имаат во сите општини и Градот Скопје.
-
Македонија 17.08.2021 11:58
Протеран уште еден руски дипломат
Шефот на дипломатијата, Османи потврди дека уште еден руски дипломат е прогласен за персона нон грата и е протеран од земјава.
-
Македонија 17.08.2021 11:50
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата
Во касарната „Илинден“ во Скопје вечер, со почеток во 19 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија.
Истрелани ќе бидат 10 плотуни од шест артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.
-
Македонија 17.08.2021 11:17
Османи: Евакуирани повеќето македонски државјани во Авганистан
Повеќето од евидентираните 75 македонските државјани се евакуирани од Авганистан, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.








