Во Кривичниот суд почна судскиот процес за случајот „Плацеви на Водно“. На обвинителна клупа седнаа Сашо Мијалков, Орце Камчев и уште тројца обвинети. На поранешниот премиер Никола Груевски, судот донесе одлука да му се суди во отсуство.
-
Македонија 16.07.2021 13:49
-
Македонија 16.07.2021 13:25
Возовите за Кичево и Кочани не сообраќаат
Патничкиот воз од и за Кочани не сообраќа два месеци. Патниците за тоа ниту се информирани, ниту знаат дека не вози. Не е мало изненадување велешани доживуваат, кога ќе дојдат на станица, а возот го нема. Подолго време не сообраќа и патничкиот воз од Скопје за Кичево и обратно.
-
Македонија 16.07.2021 12:54
Маричиќ: Дигитализацијата на судството набрзо започнува
Министерот за правда Бојан Маричиќ денес учествуваше на состанокот на работната група на земјите од Западен Балкан, на кој истакна дека дигитализацијата е во завршна фаза и наскоро ќе се започне со опремување на првите судови низ државата.
-
Македонија 16.07.2021 12:42
ДКСК ќе бара од Пендаровски да не го потпише указот за законот за изградба на три автопати без тендер
Законот донесен по скратена постапка од Собранието преставува кршење на Уставот и отворање директен пат за коруптивни дејствија, судир на интереси и е тежок удар врз заложбите за борбата против ова зло. Антикорупционерите тврдат дека се работи за политички математики и одредени интереси.
-
Македонија 16.07.2021 12:21
УХМР најавува поројни дождови, можни излевања на вода во дел од урбаните средини
Од денеска попладне до вторник, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
-
Македонија 16.07.2021 11:29
Продажба на млеко од мали фарми
Сирово млеко и негови производи, месо добиено при колење на животни и нивни преработки, дувеч, мед, јајца и риби се проиводите кои малите фармери ќе можат самостојно да ги нудат на потрошувачите.
-
Македонија 16.07.2021 10:53
Продолжување на правото на стипендија – за учениците во септември, за студентите во октомври
Рокот за достава на документите за продолжување на правото на стипендија е од 1 до 30 септември за учениците и од 1 до 30 октомври за студентите.
-
Македонија 16.07.2021 10:42
Почна судењето за случајот „Плацеви на Водно“
Во Кривичниот суд Скопје денеска почна судењето за случајот „Плацеви на Водно“. Првообвинет е поранешниот премиер, Никола Груевски, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ и Јордан (Орце) Камчев, неговата мајка, Ратка Камчева и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.
-
Македонија 16.07.2021 10:33
Вчера аплицирани 11.695 вакцини, прва доза примиле 4.799 граѓани
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 446.008 граѓани.
-
Македонија 16.07.2021 10:00
Вакцини има доволно, за краток период вакцинирани голем број граѓани
Вакцините против Ковид- 19 ја намалуваат појавата на компликации и смртен исход од болеста, за да се постигне целта на вакцинацијата неопходно е да се вакцинираат што поголем број граѓани- соопштуваат од Министерството за здравство.







